ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
DEKRA Arbeit Macedonia

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Skopje, Skopje, Macedonia
2 shikime
Postuar: 04.06.2026
Punë/Tenderë

Përshkrimi

Во Име На Наш Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Следната Работна Позиција



- ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

**ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА**
**:**

- Ја следи усогласеноста на внатрешните акти на компанијата со прописите за заштита на лични податоци;
- Се грижи за информирање на вработените и одговорните лица на компанијата, за нивните обврски што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци;
- Се грижи за исполнување на обврските што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци;
- Работи на подигнување на јавната свест преку подготвување на соодветни изјави и информации за заштита на лични податоци за вработените и одговорните лица;
- Организира и спроведува обуки за вработените и одговорните лица кои се вклучени во операциите на обработка на лични податоци;
- Активно е вклучен во креирањето и спроведување на процесите кои опфаќаат обработка на лични податоци;
- Ги следи ризиците, по однос на Анализата на ризиците за личните податоци и акцискиот план со мерки за решавање на ризиците;
- Се грижи за исполнување на техничките и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци и планира и врши контроли над спроведувањето на овие мерки, особено имајќи ги предвид утврдените ризици;
- Дава совети во поглед на проценка на влијанието на планираните операции на обработка врз заштитата на личните податоци и го следи извршувањето на оваа проценка - Data Protection Impact Assessment;
- Остварува редовни состаноци со одговорните лица во компанијата во врска со прашања од областа на заштитата на личните податоци;
- Соработува и делува како контакт точка за Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) - дава поддршка на АЗЛП при спроведувањето на законските обврски и соработува со АЗЛП во насока на развивање и промовирање на најдобри практики за конкретни теми;
- Ја координира комуникацијата на компанијата во евентуалните постапки поведени пред АЗЛП;
- Се грижи за информирање на субјектите на лични податоци за нивните права;
- Остварува контакт со субјектите на лични податоци и се грижи за спроведување на постапките и за навремено одговарање на нивните барања упатени до компанијата, а во врска со остварување на нивните права;
- Извршува тековни и останати работи по налог на Управниот одбор на компанијата.

**ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ**
**:**

- Завршено високо образование;
- Работно искуство во делот на заштитата на личните податоци;
- Познавање на законска и подзаконска регулатива за заштита на лични податоци;
- Развиени комуникациски и интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
- Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на MS Office.

**ДОПОЛНИТЕЛНО ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на
**job.arbeit.mk@dekra.com**
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Location: Skopje, Skopje, Macedonia

Apply here: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%86%D0%B8-at-dekra-arbeit-macedonia-4424246155

Specifikimet

Lloji i Punësimit
Kohë e plotë
Niveli i Përvojës
Mesatar
Puna në Distancë
Jo
Periudha e Pagës
Mujore
Metoda e Aplikimit
Website
URL për Aplikim
https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%86%D0%B8-at-dekra-arbeit-macedonia-4424246155
Kërkohet CV
Po

Informacioni i shitësit

Admin User
Anëtar që nga: 2025

Kontakto shitësin

+355691234567
admin@shpallje.com