Punë
Аналитичар/ка на податоци и CRM (CRM & Data Analyst)
СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia
analiticarka-na-podatoci-i-crm-crm-data-analyst-ioh6n2
Përshkrimi
СОС Детско село С. Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал - водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.
СОС Детско село С. Македонија , во рамките на Одделот за фандрејзинг и комуникации , објавува оглас за вработување на позицијата :
**Аналитичар / ка на податоци и CRM (CRM & Data Analyst)**
Позицијата е насочена кон анализа на податоци во Salesforce, следење на резултатите од Програмата за лојалност и предлагање подобрувања врз основа на аналитичките наоди
**Клучни одговорности**
- Обработка и анализа на податоци во Salesforce и проверка на нивната точност , комплетност и усогласеност меѓу системите .
- Следење на клучните показатели на Програмата за лојалност , со фокус на ангажираноста , задржувањето и платежните трендови .
- Подготовка на извештаи , визуелизација на резултатите и формулирање конкретни препораки.
- Соработка со ИТ и надворешни партнери за подобрување на CRM процесите и размената на податоци меѓу системите .
**Потребни квалификации и вештини**
- Најмалку две години релевантно искуство во анализа на податоци , CRM аналитика , деловна интелигенција (BI) или сродна област .
- Практично познавање на Salesforce за работа со податоци и извештаи .
- Напредно познавање на Microsoft Excel или Google Sheets и практично искуство со алатка за визуелизација на податоци .
- Способност за јасно презентирање на аналитичките наоди и предлагање применливи решенија .
- Тимски дух и желба за соработка
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Проактивен пристап кон работата
**Дополнителна предност**
е искуството со Power BI, автоматизација , системски интеграции , платежна аналитика или програми за лојалност .
Договор за работа на определено време од 1 година, со можност за продолжување.
**Пријавите се поднесуваат**
**најдоцна до 06.12.2026.**
**🔔**
Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
**Напомена**
: Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на спроведување на процесот на регрутирање за огласеното работно место. Доколку дадете изречна согласност, вашите лични податоци може да бидат обработувани и за учество во идни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село, како и за испраќање известувања за идни можности за вработување.
СОС Детско село применува политика на нулта толеранција кон каква било форма на злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Од сите кандидати се очекува да се запознаат и да ги почитуваат Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади, како и да постапуваат во согласност со нивните принципи и барања.
Организацијата се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4492967208/

Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim