Punë
Координатор на лојална програма
Жито Маркети
koordinator-na-lojalna-programa-rufmrk
Përshkrimi
**Главни работни задачи и одговорности**
- Планирање, координација и оперативно спроведување на активностите во рамките на лојалната програма;
- Подготовка на годишни и месечни планови за лојални понуди, поволности и промотивни активности;
- Координација на лојални понуди, клуб-промоции, персонализирани поволности, наградни активности и други програми за потрошувачите;
- Предлагање и реализација на активности наменети за различни групи корисници;
- Учество во развојот и спроведувањето на B2B лојални решенија наменети за компании, институции и организации;
- Координација на одделни поволности и активности во рамките на програмата наменети за вработените;
- Координација со секторите маркетинг, комерција, продажба, ИТ, финансии, човечки ресурси и со продажната мрежа;
- Комуникација и координација со надворешни партнери, добавувачи и компании вклучени во реализацијата на програмата;
- Подготовка на брифови, процедури, упатства и материјали потребни за правилна реализација на активностите;
- Следење на имплементацијата на програмата во маркетите
;
- Следење на клучните резултати и подготовка на периодични предлози
;
- Следење на пазарните трендови
;
- Грижа за точноста, ажурноста и доверливоста на податоците поврзани со лојалната програма
;
**Потребни квалификации**
- Работно искуство во маркетинг, лојални програми, CRM, малопродажба или проектна координација ќе се смета за предност;
- Добро познавање на Microsoft Excel и способност за работа со податоци;
- Развиени организациски, комуникациски и координативни способности;
- Самостојност, иницијативност и ориентираност кон резултати;
- Креативност и способност за предлагање нови решенија;
**Ние нудиме:**
- **Локација: Велес**
- Можност за кариерен раст и професионален развој
- Обуки и активности за јакнење на тимската синергија
- Обезбеден превоз и топол оброк
- Конкурентна плата и бонуси
- Обука, менторирање и редовна евалуација
- Платено колективно осигурување
- Ваучер за склучен брак
- Пакет за новороденче
- Роденденски подарок
- Пакет производи за големите верски празници
- Роденденски подарок за деца до 5 години
Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4458882292/
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim