Kthehu te lista
Punë

Менаџер за контакт центар-наплата

MCash mk Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Ekonomi, Financë, Kontabilitet
**ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје** е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија, Македонија, Полска, Хрватска, Шпанија и други услуги ширум светот. Нашата мисија е да им обезбедиме на сите, без разлика на нивниот животен статус, шанса да добијат брз пристап до финансиски алатки, продукти и услуги за да можат да си ги исполнат соништата. Ние сме млад тим, а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот! **Позиција: Менаџер за наплата во Контакт Центар** - Директно одговорна за резултатите на наплатата во контакт центар - Директно одговорна за резултатите на наплатата на компаниско ниво - Креирање стратегии и давање идеи за исполнување на целите - Унapreдување на работењето на Контакт Центарот -Наплата и издигнување на повиско ниво - Оптимизација на процеси - Изготвување и корегирање на скрипти за работа со цел да се подобри ефикасноста на врaботените - Делегирање на дневни задачи на оператите од контакт центар во делот на наплата, - Мониторинг на работниот процес и операторите во делот Наплата, - Следење на перформансите на операторите за наплата, - Спроведување различни кампањи за наплата, - Изготвување на извештаи за перформанси и постигнати цели, - Делегирање на дневни задачи на оператите во контакт центар во делот на наплата, - Менаџирање на вработените во контакт центар во делот на наплата - Унапредување на техники на комуникација **Потребни квалификации:** - Искуство на иста или слична позиција минимум 2 години ќе се смета за предност - Искуство од раководење со тим од минимум 5 лица - Резултатно ориентиран - Проактивно решавање на проблеми, односно процес на аналитичко размислување со цел да се решат - Висок степен на толерантност при стрес, односно способноста да се остане продуктивен во време на криза или критични настани и способност за извршување на задачи во куси рокови - Лидерски и аналитички вештини; - Високо ниво на интегритет и доверливост - Одлични организаторски и комуникациски способности - Самоиницијативност, флексибилност и проактивност - Посветеност и одговорност кон задачите и работата - Способност за индивидуална и тимска работа **Ние нудиме:** - Конкурентна нето плата - Месечно бонусирање согласно политиките на компанијата - Отворени можности за дополнителна заработка - Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци - Приватно здравствено осигурување - Ваучер за склучен брак - Ваучер за родено дете - Слободен ден за прваче - Училишен сет за дечињата на вработените - Конференции и други активности - Платени обуки - Можност за континуиран кариерен развој - Општествено одговорни иницијативи **Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на** **careers@mcash.mk** Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-at-mcash-mk-4392658730
Niveli: mid level

Publikuar 27/03/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme