Kthehu te lista
Punë
Logo M6 Educational Centre Skopje

Менаџер за маркетинг,комуникации и продажба

M6 Educational Centre Skopje

Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Edukim, Shkencë & Hulumtim
**Доколку сте личност која:** - Размислува стратешки и препознава можности за раст и развој; - Презема иницијатива, работи проактивно и е ориентирана кон резултати; - Гради долгорочни партнерства и воспоставува доверба со клиенти, партнери и соработници; - Комуницира јасно, инспирира и знае да создаде позитивно влијание; - Е тимски играч со професионален, отворен и конструктивен пристап; - Континуирано учи, размислува иновативно и е подготвена за нови предизвици; **тогаш можеби токму Вие сте личноста што ја бараме.** **---Менаџер за маркетинг, комуникации и продажба---** **Главни одговорности:** **Маркетинг стратегија и бренд развој** - Развој и имплементација на годишен маркетинг и комуникациски план. - Креирање стратегии за промоција на програмите и услугите на М6. - Следење на позиционирањето на брендот и предлагање активности за негово унапредување. - Анализа на пазарот, конкуренцијата и целните групи. - Подготовка и следење на маркетинг календар. **Дигитален маркетинг и комуникации** - Управување со дигиталните канали и официјалните профили на социјалните медиуми. - Креирање и објавување содржини за LinkedIn, Facebook, Instagram, YouTube и други релевантни канали. - Планирање и реализација на дигитални маркетинг кампањи. - Следење на резултатите и оптимизација на дигиталните активности. **Креирање содржини и односи со јавноста** - Подготовка на промотивни текстови, објави, статии, соопштенија и newsletter кампањи. - Подготовка и координација на содржини за веб-страницата. - Координација на подготовка на фото, видео и графички материјали. - Соработка со дизајнери, фотографи, продукциски тимови и медиуми. - Координација на медиумски активности и јавна комуникација. - Грижа за доследна примена на корпоративниот идентитет на М6. **Продажба и развој на клиенти** - Промоција и продажба на корпоративни обуки, академии и образовни програми. - Развој на нови деловни контакти и можности. - Одржување односи со постојни и потенцијални клиенти и партнери. - Подготовка на понуди во соработка со програмскиот и проектниот тим. - Промоција на услугите за: - организација на настани и изнајмување конференциски простории; - користење на подкаст студио; - Learning Management System (LMS) и дигитални програми. **Потребни квалификации:** - VII степен високо образование (маркетинг, комуникации, економија, менаџмент или сродна област); - Минимум 5 години работно искуство во маркетинг, комуникации или продажба; - Искуство со дигитален маркетинг и управување со социјални медиуми; - Одлични комуникациски и организациски вештини; - Активно познавање на англиски јазик; - Одлично познавање на Microsoft Office пакет; - Познавање и практично користење на AI алатки ќе се смета за предност; - Возачка дозвола – Б категорија. **Што нудиме?** - Работа во динамична и професионална средина, - Можност за директна комуникација и поврзување со бизнис заедницата, корпоративни клиенти и професионалци од различни индустрии. - Работа во средина која поттикнува иновации, размена на знаење и развој на нови идеи. - Можност за градење професионална мрежа преку соработка со домашни и меѓународни партнери и едукативни центри. - Континуирани можности за професионална надградба, учење и развој на нови компетенции. Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4444142205/
Niveli: mid level

Publikuar 29/07/2026 · Skadon 27/09/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme