Kthehu te lista
Punë

Овластен сметководител

iute Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Ekonomi, Financë, Kontabilitet
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија. Ние не следиме трендови. Ги создаваме. Бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст: **Овластен сметководител** **Твојата мисија** Водење и контрола на финансиска евиденција, изготвување финансиски извештаи и грижа за усогласеност со законските прописи. Анализирање податоци, подготвување даночни пресметки и давање совети за финансиско управување. Твојата работа е клучна за точноста и транспарентноста на финансиското работење. **Што ќе движиш?** Комплетно ќе го водиш сметководствено работење и контрола на истото. Ќе вршиш прием и контрола на сметководствена документација и спроведување на навремени и точни книговодствени процеси во главната книга во согласност со законските прописи, интерни процедури и сметководствени стандарди (МСС/МСФИ). Навремено и точно пресметување, евидентирање и плаќање на даночни обврски на компанијата во согласност со законските прописи (ДДВ, данок на добивка и персонален данок). Реализација на банкарски налози за плаќање на фактури и останати плаќања, како и обезбедување точни и навремени информации и извештаи за парични текови. Периодично усогласување и контрола на состојбите во главна книга и аналитичка евиденција. Подготовка на завршна сметка, финансиски извештаи, статистички и останати извештаи до соодветните регулаторни тела и до раководството на компанијата. Следење на законски прописи и нивна примена во работењето, како и воспоставување и контрола на интерни сметководствени процедури. Комуникација со релевантни институции. Подготовка за ревизија, комуникација со ревизори и обезбедување на целосна и точна документација во процесот на ревизија. **Кого бараме?** ✔ Да имаш најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство. ✔ Имаш универзитетско образование. ✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. ✔ Работа во Dynamics 356 ќе се смета за предност. ✔ Сертификат за овластен сметководител. ✔Одлично познавање на финансиската и даночна регулатива во земјата како и интернационалните финансиски и сметководствени стандарди. ✔ Одлично познавање на Англискиот јазик. ✔ Напредни MS office компјутерски вештини. ✔ Вештини за подготвување извештаи. **Што добиваш?** -Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот. -Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари. -Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание. -Континуиран развој, учење и професионален раст. -Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти. -Тимбилдинзи во земјата и странство. -Спортски активности. -Дополнителни здравствени прегледи. *Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку напредок, технологија и дигитален развој– време е да се запознаеме.* 📅 Аплицирај до: 07 јуни 2026 📧 Испрати CV на: jobs@iute.mk ✉️ Назнака: *Овластен сметководител* Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BE%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-at-iute-macedonia-4429848182
Niveli: mid level

Publikuar 24/06/2026 · Skadon 23/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme