Punë
Портфолио аналитичар
ProCredit Bank Macedonia
portfolio-analiticar-lh6tub
Përshkrimi
**ПроКредит Банка**
е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддршка на микро, мали и средни претпријатија и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.
За потребите на нашиот
**Оддел за портфолио анализа и проценка на обезбедување**
, бараме аналитична, посветена и одговорна личност за позицијата
**Портфолио аналитичар**
, која ќе придонесува кон навремено идентификување и следење на кредитните ризици и одржување на квалитетот на кредитното портфолио на Банката.
**Клучни одговорности:**
- Спроведување редовни и детални анализи на кредитното портфолио на Банката, земајќи ги предвид релевантните ризични фактори, трендови и показатели.
- Класификација и проценка на кредитниот ризик во согласност со регулативата на Народната банка и политиките и стандардите на ПроКредит групацијата.
- Пресметка, контрола и известување за исправката на вредност и посебната резерва, согласно важечките регулаторни и меѓународни стандарди.
- Подготовка на редовни и ад хок извештаи за клучните параметри на кредитниот ризик за потребите на Банката, ПроКредит Холдинг и релевантните комитети и органи на управување.
- Спроведување миграциони анализи, следење на историските стапки на ненаплаќање и идентификување и анализа на ризикот од концентрација во кредитното портфолио.
- Следење на макроекономските движења и развојот на финансискиот пазар, анализа на нивното влијание врз кредитното портфолио и предлагање соодветни мерки.
- Предлагање активности за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со проблематичните изложености, како и следење на усогласеноста со релевантните ковенанти.
**Потребни квалификации:**
- Завршено високо образование од областа на економија, финансии, банкарство, сметководство, математика, статистика или друга сродна област.
- Претходно работно искуство во банкарство, кредитен ризик, финансиска анализа, ревизија или анализа на податоци ќе се смета за предност.
- Добро разбирање на кредитниот ризик, финансиските извештаи и клучните показатели за квалитетот на кредитното портфолио.
- Изразени аналитички способности и способност за обработка, проверка и интерпретација на поголем обем на податоци.
- Напредно познавање на MS Excel и останатите алатки од MS Office пакетот.
- Познавањето на SQL, Power BI или други алатки за обработка и визуализација на податоци ќе се смета за предност.
- Прецизност, систематичност, одговорност и внимание на детали.
- Способност за самостојна работа, почитување рокови и јасно презентирање на аналитички наоди.
- Познавање на англиски јазик.
**Што нудиме:**
- Работа во меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера.
- Можност за стекнување и продлабочување на експертизата во областа на кредитниот ризик и портфолио анализата.
- Континуиран личен и професионален развој.
- Тимска соработка и култура која ги охрабрува проактивноста, одговорноста и новите идеи.
- Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување.
- Флексибилно работно време со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот.
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на
**mkd.job@procredit-group.com**
.
**Аплицирај и стани дел од тимот на ПроКредит Банка.**
Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4492392352/

Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim