Punë
Пракса во ЕВН
EVN Macedonia
praksa-vo-evn-rwumj9
Përshkrimi
ЕВН Македонија ги отвора вратите за нови практиканти! Придружете се на нашиот тим и стекнете практично искуство под водство на нашите искусни експерти и ментори. Ќе имате шанса да се запознаете со работењето на компанијата и да придонесете во остварувањето на нашите цели.
**Што нуди праксата во ЕВН?**
- Менторство поддржано од врвни професионалци
- Надоградување на технички и професионални вештини во областа во која студирате
- Инволвираност во различни активности на одделот каде што ќе се изведува праксата
**Каде ќе се одвива праксата?**
- **Кориснички Енерго Центри:**
Скопје, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола, Струга, Охрид, Велес и Кратово.
- **Оддели во Скопје:**
Човечки ресурси и организација, право и осигурување, планирање и набавка на енергија, информатички и телекомуникациски технологии, оперативен контролинг, високонапонски постројки, билинг, сметководство, комуникации, мрежен инжинеринг, управување со објекти и логистика, односи со корисници, иновации одржливост и заштита на животна средина, заштита при работа, набавки и материјално работење.
**Во кој период ќе се одвива праксата?**
Bо текот на целата година, времетраење на практикантската работа е од 1 месец со можност за
продолжување до 3 месеци, во зависност од желбите и потребите на практикантите и потребите на компанијата
**Надомест на трошоци за практикантската работа е во износ од 10.000 МКД месечно.**
**За кого е наменета праксата?**
Праксата е наменета за сите студенти, но предност имаат студентите од техничките факултети (Електротехника, Информатичка технологија, Машински факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет) како и студенти од останатите факултети (Правни науки, Економски науки , Филозофски факултет ) и слично.
Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4469705746/
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim