Kthehu te lista
Punë

Раководител на продажба

Manpower North Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Burime Njerëzore
**Manpower** - Како глобален лидер во вработувањето, ги поврзуваме талентите со врвни компании. Нашата цел? Да ги исполниме твоите амбиции и потребите на пазарот на трудот. Во име на нашиот реномиран клиент **Фриком** , бараме искусни и квалификувани кандидати за позиција **раководител на продажба.** **Фриком,** водечка компанија во производството и дистрибуцијата на сладоледи и замрзната храна, го зајакнува својот тим и отвора можност за позицијата **Раководител на продажба.** Доколку сте стратешки ориентирани, одлично организирани и имате искуство во водење тимови и развој на продажни стратегии, како и во соработка со повеќе оддели - ова е вистинската можност за вас. 🔹 **РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:** - Раководител на продажба 📍 **Локација на работа:** - Скопје, Македонија 📝 **Опис на работата:** - Изградба на силни и долгорочни односи со купувачите и создавање кредибилитет кај купувачите - Следење, анализирање и разбирање на пазарните трендови и нивното влијание врз клучните купувачи во малопродажбата и HoReCa каналот, со предлагање решенија - Добро разбирање на специфичностите на работењето и познавање на организацијата и деловните активности на секој клучен купувач на Фриком Македонија - Управување со продажната организација на Фриком Македонија, вклучувајќи тим за теренска продажба, раководители на клучни купувачи, trade marketing, продажна администрација, кол-центар, како и надворешни изведувачи на услуги поврзани со продажбата (merchandising и сл.) - Подготовка на неделни, месечни и годишни планови за продажба - Подготовка на предлози за продажна политика, усогласување со директорот, грижа за одржување на продажната политика и обезбедување на нејзина примена во продажната организација - Грижа за сите ценовници и обезбедување нивна усогласеност со продажната политика, пазарната моќ на купувачите и законските рамки - Подготовка на план за trade marketing за секој поединечен купувач - Подготовка на план за трошоци и инвестиции во маркетинг - Следење на реализацијата на плановите за продажба и маркетинг - Следење и почитување на планот за трошоци за продажба и дистрибуција - Преговарање и склучување договори со купувачи - Контрола на усогласеноста на нарачките со акциските продажби - Договарање акциски продажби со клучните купувачи и контрола на нивната реализација на сите продажни места на клучниот купувач, како и контрола на усогласеноста со залихите - Контрола на цените и позиционирањето на производите на продажните места - Предлагање мерки за избегнување на ненаплата - Решавање на рекламации од купувачи - Планирање и распоред на ладилна опрема - Следење на активностите на конкуренцијата и известување за нив - Надзор над промоторите во контролата на квалитетот на робата (рок на траење, оштетувања и сл.) на продажните места - Давање упатства на купувачите за користење и складирање на производите, начинот на подготовка на производите и изгледот на ладилните уреди и сл. - Надзор и контрола на снабденоста на купувачите со потребен промотивен материјал - Извршување на сите други задачи по налог на претпоставените во друштвото 🎯 **Што очекуваме од тебе:** - Минимум ССС или ВСС - Искуство на раководна позиција во продажба - Возачка дозвола Б категорија (активен возач) - Познавање на англиски и хрватски јазик (германски се смета за предност) - Комуникациски вештини - Познавање на работа со компјутери (MS Office) - Презентациски и преговарачки вештини 🕘 **Услови на вработување:** - Полно работно време - Можност за професионален развој и долгорочна соработка 🎁 **Бенефиции:** - Службено возило достапно 24/7 - Месечен стимулативен бонус за реализиран таргет - Божиќен бонус 📋 **Процес на селекција:** - Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју со Manpower - По интервјуто, селектираните кандидати ќе имаат интервју со компанијата Фриком Дали си подготвен/а за предизвик во водечка дистрибутивна компанија? Аплицирај со твоето CV преку опцијата **Брза Апликација** . Контакт ќе оствариме само со кандидатите кои ќе влезат во потесен избор. Со пријавување на овој оглас, се согласуваш твоите лични податоци да се обработуваат и чуваат во рок од 6 месеци, единствено за потребите на овој регрутациски процес. Сите информации се третираат како строго доверливи. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-at-manpower-see-in-n-macedonia-4350512052
Niveli: mid level

Publikuar 25/12/2025 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme