Kthehu te lista
Punë
D

Регионален продажен претставник

DEKRA Arbeit Macedonia

regionalen-prodazen-pretstavnik-manvb9

Flamuri i North Macedonia Shkupi, North Macedonia Burime Njerëzore
Во Име На Својот Клиент Златиборац, Компанија Со Долгогодишна Традиција, Препознатлив Бренд и Посветеност На Квалитетот и Иновациите Во Прехранбената Индустрија, ДЕКРА Ја Објавува Позицијата



- Регионален продажен претставник

**ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО**

- Управување и развој на продажните активности на пазарот во Северна Македонија, преку секојдневна соработка и координација со локалниот дистрибутер;
- Следење и унапредување на работењето на дистрибутерот преку редовни посети на продажните објекти и анализа на клучните показатели – продажба, залихи, трошоци и пазарна застапеност;
- Развивање и имплементација на продажни стратегии во согласност со деловните цели на компанијата;
- Соработка со продажниот тим на дистрибутерот во спроведувањето на бренд-стратегијата и унапредувањето на позиционирањето на производите на компанијата;
- Планирање и реализација на годишните продажни и маркетинг активности, со следење на нивната ефикасност и повратот на инвестицијата (ROI);
- Иницирање и реализација на BTL активности, промотивни кампањи насочени кон зголемување на продажбата и зајакнување на препознатливоста на брендовите;
- Континуирано следење на конкуренцијата, пазарните трендови и потребите на потрошувачите, со цел идентификување нови деловни можности;
- Анализа на остварените резултати, подготовка на извештаи и предлагање конкретни мерки за унапредување на работењето и постигнување на поставените цели.

**ПОТРЕБНИ**
**КВАЛИФИКАЦИИ**

- Завршено високо образование;
- Најмалку две години работно искуство на позиции во областа на продажбата, управувањето со продажба или развојот на пазарот;
- Познавање на англиски јазик;
- Возчка дозвола Б категорија;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Аналитичност, проактивност, самостојност во работата и ориентираност кон постигнување резултати.

**ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на
**job.arbeit.mk@dekra.com**
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:***
**rabota.arbeit.mk@dekra.com**

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4492859605/
Niveli: mid level

Publikuar 21/11/2026 · Skadon 20/01/2027

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme