Kthehu te lista
Punë
Logo Yugoimpex Export Import doo - woodworking machinery

Sales Manager

Yugoimpex Export Import doo - woodworking machinery

sales-manager-1ubykq

Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**За Компанијата:** Југоимпекс е лидер на македонскиот пазар во областа на планирање, продажба, инсталација, одржување на опрема, машини и целосни решенија за индустријата за производство на мебел и преаботка на дрво. Како генерален застапник за реномиранирани светски брендови, обезбедуваме врвна технологија, прецизност и квалитет на нашите клиенти. Во моментот го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по мотивиран, амбициозен и технички квалификуван **Менаџер за продажба за Македонија** . **Цел на Улогата:** Како дел од нашиот продажен тим, вашата главна задача ќе биде водење на комплетниот B2B продажен циклус. Ќе соработувате директно со производители на мебел, столарски работилници, архитекти и фабрики од дрвната индустрија, помагајќи им да ги унапредат своите производи и производствени капацитети преку нашите решенија. **Одговорности:** - **Управување со продажниот циклус:** - Водење, грижа и идентификација на нови можности кај постоечките клиенти, водење преговори од првична презентација до финализирање на договорот. - Идентификација на нови потенцијални клиенти. Воспоставување контакт и водење на преговори од првична презентација до финализирање на договорот. - **Консултативна продажба:** Анализа на потребите на клиентите и подготовка на соодветни технички понуди. - **Одржување односи со клучни клиенти:** Редовни теренски посети на постоечки партнери, следење на нивниот раст и идентификување можности за унапредување на нивниот производствен процес. - **Едукација и презентации:** Организација и учество во технички работилници и презентации на производи во нашиот изложбен. - **Анализа на пазарот:** Следење на трендовите во индустријата, потребите на клиентите, рана идентификација на нови можности. **Потребни Квалификации (Requirements):** ·        **Претходно искуство:** o  Најмалку две години искуство во B2B продажба и раководење деловни клиенти **или** o  Пет години искуство во индустријата за производство на мебел. ·        **Комуникациски вештини:** Идеалниот кандидат треба да поседува добри презентациски, преговарачки и продажни вештини. ·        **Јазици:** Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавање на трет јазик ќе се смета за предност. ·        **Возачка дозвола:** Б-категорија (активен возач, подготвеност за теренска работа низ Македонија). ·        **Компјутерски вештини:** Напредно користење на MS Office (Word, Excel), искуство со CRM системи и дигитални алатки за продажба. **Што овозможува позицијата:** - Мотивирачки процентуален бонус систем поврзан со постигнатите продажни резултати, без минимални таргети и без крајна граница за остварени бонуси. - Годишни бонуси поврзани со личниот успех и успехот на компанијата - Флексибилно работно време. - Службено возило достапно и за приватни цели. - Буџет за угостителство према клиенти. - Континуирани обуки и професионален развој, вклучително и сертифицирани обуки директно од нашите странски партнери. Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4468522793/
Niveli: senior

Publikuar 22/09/2026 · Skadon 21/11/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme