Kthehu te lista
Punë

Sales Manager – Financial Distribution & Team Building

Winners Group Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Ekonomi, Financë, Kontabilitet
Winners Group ја проширува својата мрежа во Македонија и бара професионалци со искуство во продажба базирана на провизија, кои сакаат повеќе од класична улога на агент: односно сакаат да градат, водат и развиваат сопствен тим. Оваа можност е погодна за лица од области како што се осигурување, брокерство, финансиско советување, финансиска дистрибуција или мрежен маркетинг (network marketing), кои го разбираат темпото на претприемничката средина и се мотивирани од резултати, развој и лидерство. **Што ќе правиш** - ќе поминеш низ структуриран процес на онбординг (onboarding); - ќе ја добиеш потребната лиценца за работа; - ќе развиваш односи со клиентите и ќе изградиш сопствено портфолио; - ќе регрутираш и интегрираш нови соработници; - ќе изградиш и координираш сопствен тим на дистрибутери; - ќе учествуваш на деловни состаноци, презентации и активности за комерцијален развој; - врз однова на резултатите и изградениот тим постепено ќе напредуваш кон улогата на топ Менаџмент **Зошто оваа можност е поинаква** Во Winners Group не градиш сам. Веруваме во специјализација. Тоа значи дека не мораш да правиш сè сам. Нашиот систем ги одвојува клучните функции, со цел перформансите да растат побрзо, а Mенаџерите да бидат поддржани од специјалисти и од главната канцеларија во суштинските фази на развојот. Ќе имаш пристап до: - директна координација од страна на главната канцеларија (headquarters); - менторство и лидерство од искусни професионалци; - јасен процес на развој и унапредување; - оперативна и комерцијална поддршка; - поддршка во градењето на сопствена филијала; - бизнис модел изграден за скалирање (scaling), а не само за индивидуална продукција. **Што нудиме** - приходи базирани на перформанси: провизии + override-и (меѓупровизии) + бонуси за лидерство; - загарантирана поддршка на почетокот на соработката; - целосно флексибилно време; - пристап до канцеларија, но и слобода за работа од каде било; - концепт на службено возило (company car) за лична употреба; - реална можност за градење тим и бизнис со влијание; - средина ориентирана кон раст, лидерство и резултати; - директна соработка со меѓународна групација во експанзија. **Профилот што го бараме** - имаш искуство во продажба базирана на провизија – задолжителен критериум; - имаш искуство во осигурување, брокерство, финансиско советување, финансиска дистрибуција или мрежен маркетинг; - ориентиран си кон резултати и имаш претприемнички менталитет; - можеш да градиш односи, да влијаеш на луѓе и да координираш комерцијални активности; - имаш желба да регрутираш, обучуваш и водиш тим; - подготвен си да работиш во модел на наградување базиран на перформанси, а не во улога со фиксна плата; - претставуваш профил на средна кариера (mid-career) или веќе имаш релевантно искуство во продажба и координација. **Ова не е вистинската улога за тебе ако** - бараш административна или back-office позиција; - си работел само во средини со фиксна плата и без комерцијални цели; - не те мотивираат продажбата, регрутирањето и лидерството; - бараш пасивна стабилност наместо раст базиран на резултати. **Аплицирај** Ако имаш искуство во продажба базирана на провизија и сакаш да изградиш повеќе од обична кариера во продажба – односно тим, структура и реален пат до топ менаџментот – аплицирај преку LinkedIn Easy Apply. Puna remote: Po Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/sales-manager-%E2%80%93-financial-distribution-team-building-at-winners-group-4413611004
Niveli: senior

Publikuar 20/05/2026 · Skadon 19/07/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme