Kthehu te lista
Punë
Logo ProCredit Bank Macedonia

Советник за бизнис клиенти во Онлајн експозитура

ProCredit Bank Macedonia

sovetnik-za-biznis-klienti-vo-onlajn-ekspozitura-qpmyrt

Flamuri i North Macedonia Shkupi, North Macedonia Banka
**ПроКредит Банка Македонија**
е дел од ПроКредит групацијата, развојно ориентирана банкарска групација со силен фокус кон микро, мали и средни претпријатија, како и физички лица. Како дигитална банка, континуирано инвестираме во современи банкарски решенија и се стремиме на нашите клиенти да им обезбедиме ефикасна, сигурна и професионална услуга.

За потребите на нашата
**Онлајн експозитура**
, бараме
**Советник за бизнис клиенти**
кој ќе обезбедува квалитетна клиентска, оперативна и техничка поддршка на правните лица во нивното секојдневно банкарско работење.
**Работната позиција е со физичко присуство во нашите канцеларии во Скопје.**

**Клучни одговорности:**

- Обезбедување професионална и навремена поддршка на бизнис клиенти во врска со сметки, плаќања и останати банкарски производи и услуги.
- Поддршка на клиентите при извршување на домашен и меѓународен платен промет, со обезбедување точни информации и практични насоки.
- Обезбедување техничка и оперативна поддршка за електронско и мобилно банкарство, вклучително помош при користење на дигиталните банкарски услуги.
- Одговарање и решавање на клиентски барања преку различни канали на комуникација, пред сè телефон и е-пошта, на навремен и професионален начин.
- Насочување и поддршка на бизнис клиентите во користењето на дигиталните услуги, функционалности и платежни решенија на Банката.
- Координација со релевантните организациски единици во Банката за ефикасно решавање на оперативни и технички барања.
- Градење и одржување професионален однос со бизнис клиентите преку брза, сигурна и квалитетна поддршка ориентирана кон решенија.
- Идентификување на повторливи клиентски, оперативни и технички проблеми, проактивно споделување на повратни информации и предлог иницијативи за нивно надминување и подобрување на процесите и клиентското искуство.

**Потребни квалификации:**

- Завршено високо образование, по можност од областа на економија, финансии, банкарство, бизнис администрација или сродна област.
- Претходно работно искуство во банкарскиот сектор.
- Добро познавање на домашниот и меѓународниот платен промет.
- Познавање на банкарските производи, услуги и процеси наменети за правни лица.
- Искуство со електронско и мобилно банкарство и способност за обезбедување техничка поддршка и практични насоки на клиентите.
- Одлични комуникациски вештини и одлично познавање на англиски јазик.
- Ориентираност кон клиентите, прецизност, одговорност и способност за истовремено управување со повеќе барања и приоритети.

**Што нудиме:**

- Можност за личен и професионален развој во меѓународна банкарска средина.
- Можност за понатамошно развивање на експертизата во областа на бизнис банкарството, платниот промет и дигиталните банкарски услуги.
- Работа со широк спектар на банкарски производи, дигитални решенија и потреби на бизнис клиентите.
- Тимска соработка и работна средина која поттикнува иницијативност и нови идеи.
- Фиксно работно време во прва смена.

**Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати кои имаат банкарско искуство да аплицираат на линк ProCredit Bank - Апликација за вработување.**

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4489922887/
Niveli: mid level

Publikuar 11/11/2026 · Skadon 10/01/2027

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme