Проект Менаџер
KING ICT

Проект Менаџер

Skopje, Skopje, Macedonia
38 shikime
Postuar: 24.12.2025
Punë/Tenderë

Përshkrimi

**Кои сме ние?**
КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.


Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.


**Што добивате:**

- Флексибилно работно време и опции за работа од дома;
- Исплата на годишен регрес;
- Службен телефон и соодветна ИТ опрема за непречно одвивање на работата;
- Можност за стручно усовршување во областа и професионален развој со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности-кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Еднаш годишно организран тим билдинг (незадолжително и не за викенди), дополнително неколку пати годишно организирани собири и помали (тимски) работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.

**Работни задачи:**

- Планирање и реализација на сеопфатни проектни планови, вклучувајќи опсег, временски рокови, распределба на ресурси и буџети;
- Контрола и надзор врз имплементацијата на проектот, осигурувајќи дека испораките се завршени на време, во рамките на опсегот и во рамките на буџетот;
- Одговорно лице за контакт со клиентите, обезбедувајќи редовно известување и управување со очекувањата;
- Идентификација и ублажување на потенцијалните ризици на проектот, минимизирајќи ги препреките за непречена реализација на проектот;
- Одговорност и грижа за: квалитетна и навремена испорака на проекти, примена на стандардите за висок квалитет, како и придржување до најдобрите практики, реализација на проектите и развој на софтвер;
- Управување и мотивирање проектни тимови, поттикнувајќи на позитивна работна атмосфера;
- Проактивност и константно подобрување на процесите, применувајќи ги најдобрите практики за управување со проекти;
- Следење на напредокот и перформансите на проектот, и по потреба редовно ажурирајќи ги и прилагодувајќи ги плановите и ресурсите;
- Редовно информирање на засегнатите страни за статусот/прогресот на проектот преку креирање јасни и концизни проектни планови и извештаи;
- Одговорност за финансискиот резултат на проектот и управување со сите аспекти на проектот.

**Вие сте идеален кандидат доколку:**

- Имате завршено релевантно ВСС;
- Поседувате возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Активно го користите англискиот јазик;
- Имате искуство во управување со ИТ проекти најмалку 3 години;
- Имате знаење околу процесите и методологиите за управување со проектите и развој на софтвер;
- Имате искуство со различни алатки и методологии за управување со проекти;
- Имате искуство во деловна анализа или една од другите улоги во софтверски проекти;
- Имате одлично разбирање на животниот циклус и процесот на реализација на проектите
- Ги визуелизирате решенијата и пристапувате кон решавање на проблеми со креативност и иновативност;
- Се фокусирате на исполнување на потребите и очекувањата на клиентот;
- Добро се снаоѓате во брзо и динамично опкружување, лесно прилагодувајќи се на новите промени и приоритети;
- На предизвиците им приоѓате со силни лидерски вештини, водејќи ги проектните тимови до успех;
- Поседувате одлични комуникациски, интерперсонални и лидерски вештини;
- Добри организациски вештини и внимание на детали;
- Проактивност во пристапот кон работата и тенденција за тимска работа;
- Способност за поставување приоритети и самостојно решавање на проблеми;
- Претприемачки начин на размислување;
- Најважното нешто - страст за решавање проблеми, грижа за квалитетот на испораките и задоволството на членовите на вашиот тим.

**Предност доколку поседувате:**

- Сертификати за управување со проекти (пр. PMP, PMI-ACP, PRINCE2 или други);
- Искуство или познавање на работа со системи за управување со документи и оптимизација на деловни процеси;
- Искуство во работа со софтверски алатки за управување со проекти (пр. Jira);
- Искуство со идентификација на предизвици со кои се соочуваат клиентите (грижа за клиенти или пред-продажна поддршка);
- Лидерско искуство.

Краен рок за аплицирање: 24.01.2026 година


Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Location: Skopje, Skopje, Macedonia

Apply here: https://king-ict.talentlyft.com/o/cfYXagKa3R/apply

Specifikimet

Lloji i Punësimit
Kohë e plotë
Niveli i Përvojës
Mesatar
Puna në Distancë
Jo
Periudha e Pagës
Mujore
Metoda e Aplikimit
Website
URL për Aplikim
https://king-ict.talentlyft.com/o/cfYXagKa3R/apply
Kërkohet CV
Po

Informacioni i shitësit

Admin User
Anëtar që nga: 2025

Kontakto shitësin

+355691234567
admin@shpallje.com