Раководител на продажба
Manpower SEE in N.Macedonia

Раководител на продажба

Skopje, Skopje, Macedonia
38 shikime
Postuar: 26.12.2025
Punë/Tenderë

Përshkrimi

**Manpower**
- Како глобален лидер во вработувањето, ги поврзуваме талентите со врвни компании. Нашата цел? Да ги исполниме твоите амбиции и потребите на пазарот на трудот.

Во име на нашиот реномиран клиент
**Фриком**
, бараме искусни и квалификувани кандидати за позиција
**раководител на продажба.**

**Фриком,**
водечка компанија во производството и дистрибуцијата на сладоледи и замрзната храна, го зајакнува својот тим и отвора можност за позицијата
**Раководител на продажба.**

Доколку сте стратешки ориентирани, одлично организирани и имате искуство во водење тимови и развој на продажни стратегии, како и во соработка со повеќе оддели - ова е вистинската можност за вас.

🔹
**РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:**

- Раководител на продажба

📍
**Локација на работа:**

- Скопје, Македонија

📝
**Опис на работата:**

- Изградба на силни и долгорочни односи со купувачите и создавање кредибилитет кај купувачите
- Следење, анализирање и разбирање на пазарните трендови и нивното влијание врз клучните купувачи во малопродажбата и HoReCa каналот, со предлагање решенија
- Добро разбирање на специфичностите на работењето и познавање на организацијата и деловните активности на секој клучен купувач на Фриком Македонија
- Управување со продажната организација на Фриком Македонија, вклучувајќи тим за теренска продажба, раководители на клучни купувачи, trade marketing, продажна администрација, кол-центар, како и надворешни изведувачи на услуги поврзани со продажбата (merchandising и сл.)
- Подготовка на неделни, месечни и годишни планови за продажба
- Подготовка на предлози за продажна политика, усогласување со директорот, грижа за одржување на продажната политика и обезбедување на нејзина примена во продажната организација
- Грижа за сите ценовници и обезбедување нивна усогласеност со продажната политика, пазарната моќ на купувачите и законските рамки
- Подготовка на план за trade marketing за секој поединечен купувач
- Подготовка на план за трошоци и инвестиции во маркетинг
- Следење на реализацијата на плановите за продажба и маркетинг
- Следење и почитување на планот за трошоци за продажба и дистрибуција
- Преговарање и склучување договори со купувачи
- Контрола на усогласеноста на нарачките со акциските продажби
- Договарање акциски продажби со клучните купувачи и контрола на нивната реализација на сите продажни места на клучниот купувач, како и контрола на усогласеноста со залихите
- Контрола на цените и позиционирањето на производите на продажните места
- Предлагање мерки за избегнување на ненаплата
- Решавање на рекламации од купувачи
- Планирање и распоред на ладилна опрема
- Следење на активностите на конкуренцијата и известување за нив
- Надзор над промоторите во контролата на квалитетот на робата (рок на траење, оштетувања и сл.) на продажните места
- Давање упатства на купувачите за користење и складирање на производите, начинот на подготовка на производите и изгледот на ладилните уреди и сл.
- Надзор и контрола на снабденоста на купувачите со потребен промотивен материјал
- Извршување на сите други задачи по налог на претпоставените во друштвото

🎯
**Што очекуваме од тебе:**

- Минимум ССС или ВСС
- Искуство на раководна позиција во продажба
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Познавање на англиски и хрватски јазик (германски се смета за предност)
- Комуникациски вештини
- Познавање на работа со компјутери (MS Office)
- Презентациски и преговарачки вештини

🕘
**Услови на вработување:**

- Полно работно време
- Можност за професионален развој и долгорочна соработка

🎁
**Бенефиции:**

- Службено возило достапно 24/7
- Месечен стимулативен бонус за реализиран таргет
- Божиќен бонус

📋
**Процес на селекција:**

- Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју со Manpower
- По интервјуто, селектираните кандидати ќе имаат интервју со компанијата Фриком

Дали си подготвен/а за предизвик во водечка дистрибутивна компанија?

Аплицирај со твоето CV преку опцијата
**Брза Апликација**
. Контакт ќе оствариме само со кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Со пријавување на овој оглас, се согласуваш твоите лични податоци да се обработуваат и чуваат во рок од 6 месеци, единствено за потребите на овој регрутациски процес. Сите информации се третираат како строго доверливи.

Location: Skopje, Skopje, Macedonia

Apply here: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-at-manpower-see-in-n-macedonia-4350512052

Specifikimet

Lloji i Punësimit
Kohë e plotë
Niveli i Përvojës
Mesatar
Puna në Distancë
Jo
Periudha e Pagës
Mujore
Metoda e Aplikimit
Website
URL për Aplikim
https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-at-manpower-see-in-n-macedonia-4350512052
Kërkohet CV
Po

Informacioni i shitësit

Admin User
Anëtar që nga: 2025

Kontakto shitësin

+355691234567
admin@shpallje.com