Kthehu te lista
Punë

Account Manager

KING ICT Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Кои сме ние?** КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме. Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. Бараме **Account Manager** кој ќе биде одговорен за градење и одржување на долгорочни односи со клиентите, препознавање нови продажни можности и развој на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти. **Работни активности и обврски:** - Вршење продажни активности кај постоечките и потенцијалните клиенти; - Проактивно пристапување кон клиентите со цел препознавање и развивање нови продажни можности; - Континуирано информирање на клиентите за новостите во портфолиото на компанијата во соработка со водителите на програми; - Собирање, анализа и разбирање на потребите и барањата на клиентите, како и учество во креирање понуди и решенија согласно нивните потреби; - Истражување на пазарот и воспоставување контакти со нови потенцијални клиенти; - Градење и одржување позитивни и долгорочни односи со клиентите; - Спроведување постпродажни активности, следење на задоволството на клиентите и идентификување дополнителни деловни можности; - Следење на реализацијата на нарачките и навремено исполнување на договорените обврски; - Учество во процесите поврзани со тендери и јавни набавки за клиентите од својот портфолио; - Континуирано следење на пазарните трендови, односот понуда-побарувачка и активностите на конкуренцијата; - Следење на процесите на наплата и навремено подмирување на обврските од страна на клиентите; - Подготовка на редовни извештаи за продажните активности и резултати; - Континуирано стручно усовршување и следење на новитетите во ИКТ индустријата. **Вие сте идеален кандидат доколку:** - Имате завршено ВСС од техничка или економска насока; - Поседувате минимум 3-5 години работно искуство на иста или слична позиција во ИКТ индустрија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или телекомуникациски оператор); - Поседувате возачка дозвола Б категорија; - Активно го користите англискиот јазик; - Одлично ги познавате алатките од MS Office пакетот; - Поседувате развиени комуникациски, презентациски и преговарачки вештини; - Имате аналитички пристап и способност за решавање проблеми; - Поседувате високо ниво на одговорност, професионалност и ориентираност кон резултати; - Имате изразен фокус кон клиентите и градење долгорочни деловни односи; - Брзо усвојувате нови знаења и технологии; - Поседувате комуникативност, темелност и способност за самостојна организација на работата. **Што нудиме ние:** - Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух; - Конкурентен финансиски надоместок; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка; - Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата; - Професионален и личен развој; - Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции; - Работа на домашни, регионални и интернационални проекти; - Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници; - Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне. **Напомена** : Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/account-manager-at-king-ict-4430581335
Niveli: senior

Publikuar 22/06/2026 · Skadon 21/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme