Punë
Административен асистент на директор
ATS GROUP
administrativen-asistent-na-direktor-6y7sch
Përshkrimi
**📢 АТС ГРОУП вработува: Административен асистент на директор**
АТС ГРОУП, компанија која работи во областа на заштитна опрема, со седиште во Визбегово, го проширува тимот и бара
**Административен асистент на директор**
.
**Опис на работно место:**
Позицијата вклучува целосна административна поддршка на директорот – организација на состаноци и деловни патувања, водење кореспонденција (на македонски и англиски јазик), изработка на извештаи и презентации, координација со останатите сектори во компанијата, како и подготовка и обработка на документи и податоци.
**Потребни квалификации:**
- Работно искуство на административна позиција од најмалку 7 години
- Одлично познавање на англиски јазик, говорен и пишан деловен англиски (задолжително)
- Задолжително напредно познавање на работа во Excel
- Организираност, дискреција и способност за работа под притисок
- Одговорност, професионализам и добри комуникациски вештини
**Ги нудиме:**
- Работа во стабилна и растечка компанија
- Конкурентна плата согласно квалификациите и искуството
📍 Локација: Визбегово
📩 Ги очекуваме вашите биографии на
**vrabotuvanje@ats.com.mk**
, најдоцна до
**02.10.2026**
.
Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4469302235/
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim