Kthehu te lista
Punë

Архитект

Superblock Studio Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Бараме Архитект / Проектант да се приклучи на тимот на Superblock** Superblock е архитектонско студио кое работи на современи и иновативно развиени проекти од различен размер и карактер. Во моментов го прошируваме тимот и бараме **архитект / сениор архитект** со силен професионален пристап, чувство за дизајн и способност за координација низ сите фази на проектот. **Работна позиција:** Архитект **Локација:** Скопје **Тип на ангажман:** Полно работно време **Што очекуваме:** - Завршено високо образование – Архитектонски факултет - Искуство во изработка и развој на архитектонски проекти - Одлично познавање на AutoCAD, SketchUp, Revit како плус и 3D алатки - Способност за самостојна работа, но и тимска координација - Прецизност, одговорност и професионален однос кон рокови - Добро развиено просторно размислување и чувство за детали - Познавање на проектна документација, техничка разработка и комуникација со соработници **Твои одговорности:** - Разработка на идејни, основни и изведбени архитектонски решенија - Подготовка на проектна и техничка документација - Координација со инженери, соработници и надворешни консултанти - Учествување во дизајн-процесот од концепт до реализација - Следење на квалитетот и конзистентноста на проектните решенија **Што нудиме:** - Работа на амбициозни и разновидни проекти во нашето студио на Варшавска 1 - Динамична и креативна работна средина - Можност за професионален развој и напредок - Работа во тим што го вреднува дизајнот, систематичноста и одговорноста - Вклученост во целосен процес: од идеја до изведба Доколку се пронаоѓаш во оваа позиција и сакаш да бидеш дел од тим што гради архитектура со јасна визија и висок професионален стандард, испрати ни: - CV - Портфолио - Пропратено со кратко мотивационо писмо Аплицирај преку LinkedIn или испрати на: **hey@superblock.mk** **Superblock!** Architecture. Precision. Vision. #Архитект #Вработување #Архитектура #Skopje #LinkedInJobs #Superblock #Design #BIM #Revit Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%82-at-superblock-studio-4397037909
Niveli: mid level

Publikuar 02/04/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme