Kthehu te lista
Punë

B2B Специјалист за дигитално искуство

Makedonski Telekom AD Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
Во моментов бараме **B2B Специјалист за дигитално искуство** кој ќе биде одговорен за дефинирање и унапредување на дигиталните функционалности наменети за деловни корисници. Оваа позиција вклучува подготовка на функционални барања и критериуми за прифаќање, како и тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите засегнати страни. Улогата опфаќа и грижа за континуирано подобрување на корисничките патеки, анализа на перформансите и обезбедување квалитетно и непречено дигитално искуство. **Работни задачи:** - Подготовка на дигитални функционални барања за деловни корисници со јасно дефинирани критериуми за прифаќање. - Тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите тимови со цел целосно разбирање на продуктот пред и за време на имплементацијата. - Навремено и транспарентно информирање за евентуални отстапувања во развојот (временски или функционални), со проактивни предлози за нивно надминување. - Тестирање и валидација на нови дигитални решенија пред нивно лансирање, како и анализа и евиденција на забележани грешки. - Грижа за стабилно и непречено функционирање на постојните дигитални кориснички патеки. - Спроведување редовни проверки и тестирања со цел обезбедување квалитет и континуирано подобрување. - Имплементација и ажурирање на содржини во CMS систем. **Потребни квалификации:** - Диплома од факултет од областа на електротехника, ФИНКИ, економија или сродни области. - Длабоко разбирање на потребите и навиките на деловните корисници со цел обезбедување врвно корисничко искуство. - Предност е релевантно работно искуство во технички и дигитални проекти, како и работа според agile методологија. - Предност е познавање и искуство во маркетинг, особено во доменот на дигитално корисничко искуство. - Предност е познавање на CMS системи. - Добро познавање на Microsoft 365 алатки. - Напредно познавање на англиски јазик. **Што очекуваме:** - Тимски играч - Амбициозност и желба за постојано учење - Иновативност и способност за воочување на нови можности - Подготвеност за учење на нови технологии - Ориентираност кон резултати - Аналитички вештини - Вљубеник во технологијата Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим. **Што нудиме:** - Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија - Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата - Можност за континуирано професионално усовршување и развој - Приватно здравствено осигурување - Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ - Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата - Останати бенефиции како вработен во МК **Работно време:** Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот) **Огласот ќе биде отворен од 02.03.2026 до 08.03.2026.** **Забелешка:** *Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.* *Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.* *Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.* Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/b2b-%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-at-makedonski-telekom-ad-4377745893
Niveli: mid level

Publikuar 02/03/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme