Kthehu te lista
Punë

Бизнис Аналитичар (Business Analyst)

KING ICT Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Кои сме ние?** КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме. Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. Бараме мотивиран и аналитички ориентиран **Бизнис Аналитичар** кој ќе игра клучна улога во идентификување, анализа и подобрување на бизнис процесите, како и во поврзување на бизнис потребите со ИТ решенијата. **Секојдневни активности:** - Комуникација со клиентите, воспоставување и градење професионален однос со истите; - Темелна анализа, прецизно дефинирање и јасно документирање на корисничките барања; - Моделирање на деловни процеси; - Визуелизација и концептирање на решенија; - Изработка на функционална спецификација и останати проектни документи; - Координирање, делегирање и давање насоки на програмерскиот тим во текот на реализацијата на проектите; - Организација и приоритетизација на развојните активности и задачи; - Проактивно следење на целиот животен циклус на решението (од идеја до конечна реализација и продукција на системите); - Отворена и тимска соработка со проектниот тим; **Вештини на идеалниот кандидат:** - Аналитичко размислување и решавање на проблеми: поставување на важни прашања, лесно процесирање на информации од различни извори, разграничување на фунционална информација од нефункционална, предложување идеи и концепти, флексибилност при донесување одлуки; - Комуникациски и презентациски вештини: активно слушање на соговорниците и презентирање на решенијата, концептите, плановите итн. Концизно и аргументирано бранење на своите идеи; - Работа со луѓе и решавање на конфликти: Медијатор помеѓу две спротивставени страни. Преземање иницијатива и насочување кон решавање проблем; - Професионален однос и комуникација со различен тип / карактер / профил на клиенти и колеги; - Организациски вештини: Добро управување со време и одредување приоритети; - Задолжително е познавање на англиски јазик (пишување и зборување), работа со MS Office алати и деловен бон тон. **Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог:** - Завршено високо образование од областа на компјутерските науки или релевантна област; - Барем 1 година искуство во подрачјето на деловната анализа за ИТ решенија; - Искуство со моделирање на комплексни деловни процеси; - Искуство со пишување на комплексни функционални спецификации (лесно разбирливи и читливи); - Возачка дозвола; - Познавање на процес на создавање на софтверско решение. **Што нудиме ние:** - Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух; - Конкурентен финансиски надоместок; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка; - Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата; - Професионален и личен развој; - Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции; - Работа на домашни, регионални и интернационални проекти; - Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници; - Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне. Краен рок за аплицирање: 18.01.2026 година **Напомена** : Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80-business-analyst-at-king-ict-4329597088
Niveli: mid level

Publikuar 31/12/2025 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme