Kthehu te lista
Punë

Business Analyst

KING ICT Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Кои сме ние?** КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме. Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. Бараме мотивиран и аналитички ориентиран **Бизнис Аналитичар** кој ќе игра клучна улога во идентификување, анализа и подобрување на бизнис процесите, како и во поврзување на бизнис потребите со ИТ решенијата. 🔷 **Што ќе работиш?** - Анализа и моделирање на бизнис процеси со цел подобро разбирање на потребите на клиентите и идентификација на можности за унапредување - Подготовка на функционални спецификации и соработка со тимот за дефинирање на барања за развој и интеграција со други системи - Обезбедување квалитет на решението преку тестирање и валидација пред испорака - Активно учество на sprint review состаноци и собирање повратни информации од клиенти за подобрување на функционалностите - Едукација на крајни корисници и обезбедување поддршка при воведување на нови решенија - Поддршка на presales и sales процесите преку учество во подготовка на high-level предлог решенија - По потреба, координација на развојните активности со надворешни партнери и добавувачи - Промовирање на визијата на производот и усогласување со бизнис целите во текот на целиот животен циклус - Поттикнување на примена на воспоставени методологии и best practices преку обуки и тимска поддршка 🔷 **Што очекуваме од тебе?** - Универзитетска диплома од ИТ, економија (со фокус на информатика) или друга техничка/бизнис насока - 2–4 години искуство како Business Analyst, Product Owner или слична улога во софтверски проекти - Добро разбирање на моделирање на бизнис процеси (BPMN) и искуство во изработка на јасна и структуирана документација - Основно техничко познавање — релациони бази на податоци, API или основи на SQL се предност - Одлични комуникациски и презентациски вештини, со способност за работа и со технички и со нетехнички стејкхолдери - Способност за идентификација, појаснување и приоритизирање на барања во соработка со различни тимови - Проактивен пристап и внимание на детали при решавање проблеми и континуирано подобрување - Искуство со Agile/Scrum начин на работа и познавање на современи алатки за соработка (на пр. Jira, Confluence, Miro) - Growth mindset — отвореност за учење, прифаќање повратна информација и професионален развој 🔷 **Што нудиме?** - Можност да ја обликуваш нашата инженерска култура уште од самите почетоци - Работа во искусен и поддржувачки тим - Континуиран професионален развој преку обуки и конференции - Флексибилно работно време со можност за хибриден начин на работа - Работа во agile околина според SCRUM методологија - Пријатна и опуштена работна атмосфера со различни бенефиции – сите поволности може да ги најдеш на нашата career страница Решаваме комплексни технолошки предизвици со цел да го поедноставиме и подобриме секојдневието на милиони луѓе. Нашата цел е да станеме лидер во софтверската индустрија, препознатливи по извонредност и квалитет. Доколку си подготвен/а да го обликуваш она што допрва ќе се создава — испрати ни го твоето CV. Аплицирај преку линкот подолу. Со нетрпение очекуваме да се запознаеме! 🚀 Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/business-analyst-at-king-ict-4377929987
Niveli: mid level

Publikuar 27/02/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme