Punë
ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ
DEKRA Arbeit Macedonia
Shkupi, Maqedonia e Veriut
Të tjera
Përshkrimi
Во Име На Наш Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Следната Работна Позиција
- ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ
**ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА**
**:**
- Ја раководи, организира, координира и контролира работата во Дирекцијата;
- Ги познава, разбира и почитува прописите, законите и сите интерни акти кои ја регулираат проблематиката од областа на Дирекцијата;
- Ги делегира задачите и задолженијата, правата и обврските од раководните органи во Банката до вработените во Дирекцијата и до Раководителите на експозитурите;
- Ја оценува работата на Раководителите на Секторите во Дирекцијата и Раководителите на експозитурите и ги потврдува оцените на останатите вработени во Секторите;
- Поставување и следење на таргети по експозитури;
- Одговорен за исполнување на таргетите на експозитурите;
- Доставува предлози за подобрување на организацијата на работењето во Дирекцијата;
- Спроведува одлуки на Управниот одбор;
- Врши анализа за подобрување на финансиските резултати од работењето на експозитурите;
- Учествува во работата на органи на Банката согласно Статутот и другите интерни акти на Банката;
- Учествува во работни групи за креирање и изработка на нови решенија во работењето на Банката;
- Врши следење на постапувањето по дадените препораки од ревизиите и периодично ги известува надлежните органи на Банката;
- Се ангажира за зголемување на бројот на клиенти;
- Врши делегирање на дополнителни одговорности кон раководителите на експозитурите;
- Доставува предлози за отворање на нови експозитури, локации или затворање на постоечките;
- Врши следење и анализа на конкуренцијата, економскиот потенцијал и потенцијалните клиенти на територите каде се лоцирани експозитурите;
- Ги застапува и пренесува барањата на експозитурите пред Управниот одбор на Банката и останатите Дирекции како и ги спроведува одлуките на Управниот одбор кон експозитурите;
- Извршува тековни и останати работи по налог на Управниот одбор на компанијата.
**ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ**
**:**
- Завршено високо образование;
- Најмалку 3 години искуство во банкарски сектор;
- Комуникациски и лидерски вештини;
- Способност за стратегиско планирање и брза анализа на пазар и конкуренција;
- Активен пристап во развој на продажни иницијативи и мотивација на тимот;
- Познавање MS Office пакетот и вештини за дигитална комуникација.
**ДОПОЛНИТЕЛНО ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на
**job.arbeit.mk@dekra.com**
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8-at-dekra-arbeit-macedonia-4430003641
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim