Kthehu te lista
Punë

Дистрибутер/Возач

M SAN Grupa Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје** , е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето. Го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по: **Дистрибутер / Возач** (Ц категорија) **Што добивате:** - Конкурентна плата; - Работни денови од понеделник до петок; - Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време; - Исплата на годишен регрес; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa; - Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата; - Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне; - Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини; - Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата. **Одговорности на возачот:** - Извршување на транспорт на стока од добавувачот до Друштвото, според налог и во согласност со утврдените процедури; - Извршување на достава на стока до партнери и крајни купувачи; - Контрола на исправноста на документи за транспорт и/или достава на стока; - Според упатствата на непосредниот надреден и во согласност со утврдена процедура, преземање на стока за поврат, сервис и стока издадена на реверс од партнерите, која се довезува во магацин на Друштвото. - Континуирано следење на техничката исправност на возилото и по потреба корективно дејствување (директно или пријавување до надлежното лице за одржување на возниот парк); - Одржување на уредност и чистота на работните простории и возилата; - Стручно усовршување во своето работно поле; - Усвојување на постојните и поттикнување на развојот на нови алатки за поддршка на бизнис процесите во областа на одговорност. **Од кандидатот очекуваме:** - Посакувано е кандидатот да има искуство во превоз на техничка стока; - Организираност и точност; - Педантност и одговорност за стоката, - Возачка дозвола од категории Б и Ц; - Познавање на работа со компјутер. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B4%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B1%D1%83%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87-at-m-san-grupa-4411730529
Niveli: mid level

Publikuar 08/05/2026 · Skadon 07/07/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme