Kthehu te lista
Punë

Координатор на земјоделско производство

DEKRA Arbeit Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Објавува Позицијата** - Координатор на земјоделско производство **ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО** - Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс; - Изработка на производствени планови и програми за развој; - Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми; - Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали); - Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите; - Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури; - Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите; - Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака; - Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности; - Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми; - Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси; - Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема; - Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци; - Контрола на здравствената состојба на насадите; - Следење на реализацијата на планираните активности; - Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни); - Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика. **ПОТРЕБНИ** **КВАЛИФИКАЦИИ** - Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот; - Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност; - Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност; - Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок; - Способност за решавање проблеми; - Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот; - Познавање на земјоделската пракса и технологија. **ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ** Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на **job.arbeit.mk@dekra.com** Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. - Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. ***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:*** **rabota.arbeit.mk@dekra.com** Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-at-dekra-arbeit-macedonia-4430008568
Niveli: mid level

Publikuar 19/06/2026 · Skadon 18/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme