Kthehu te lista
Punë

Lawyer (Адвокат)

Boshnjakovski Law Office Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ** **Адвокатската канцеларија Бошњаковски** е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти. За повеќе информации посетете ја нашата web-страна: www.boshnjakovski.com Во моментов објавуваме повик за **една позиција: правник со положен правосуден испит или адвокат со лиценца** . Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области: - **Деловно и трговско право** , каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци. - **Меѓународно граѓанско право** , во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања. - **Миграционо право** , каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа. Тоа што **нудиме** е: - професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим. - култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност - јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата. - **конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.** Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови: - **Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит** - **Најмалку две години работно искуство** - **Одлично познавање на англискиот јазик** - **Познавање на други јазици е предност** - **Силна мотивација за личен напредок** Заинтересираните кандидати се поканети да достават **биографија (CV)** на: **vladimir@boshnjakovski.com** Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/lawyer-%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82-at-boshnjakovski-law-office-4412124246
Niveli: mid level

Publikuar 09/05/2026 · Skadon 08/07/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme