Kthehu te lista
Punë

Лидер за продажба на напредни деловни решенија

Makedonski Telekom AD Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
Во моментов бараме **Лидер за продажба на напредни деловни решенија** кој ќе го води нашиот тим и ќе има клучна улога во развојот, продажбата и имплементацијата на комплексни ИКТ решенија – Cloud, IoT платформи, безбедносни решенија и Smart City решенија за деловни корисници. Позицијата е од стратешко значење и опфаќа управување со продажни и предпродажни активности, развој на партнерска ИКТ мрежа, водење на тим и постигнување на комерцијалните и финансиските цели на компанијата. **Работни задачи:** - Водење и одговорност за иницирање, реализација и активно учество во консултативна продажба на големи ИКТ проекти за деловни корисници - Проактивно планирање и управување со корисници преку анализа на кориснички потреби, буџети и продажни стратегии - Градење и одржување на силна ИКТ партнерска и добавувачка мрежа - Избор, координација и управување со партнери и за успешна реализација на проекти - Одговорност за остварување на приходи и профитабилност од ИКТ решенија, како и континуирано подобрување на продажниот процес - Технолошко-консултативна улога во B2B сегментот при подготовка на технички понуди и презентации - Дефинирање, следење и унапредување на SLA параметри за деловни решенија - Организација, координација и континуирано подобрување на севкупните активности во организациската единица - Управување со воспоставување и следење на клучни показатели за успешност (KPI) и обезбедување предуслови за нивна реализација - Проактивно зајакнување на моќта на компанијата за иновации во областа на решенија и услуги за дигитализација - Обезбедување ефикасна испорака на решенија и континуирано подобрување на задоволството на деловните корисници **Потребни квалификации:** - Високо образование од областа на технички науки, предност имаат кандидатите од електро-технички и компјутерско-информатички насоки - Минимум 5 години искуство во продажба и/или водење на имплементација на напредни ИКТ решенија - Напредни познавања на ИКТ технологии (Cloud, IoT, безбедност, IP технологија). - Искуство со водење на тимови и лидерски способности - Активно познавање на англиски јазик - Напредно познавање на MS Office - Напредни способности за креирање и управување со проекти, како и подготовка на деловна студија - Возачка дозвола Б-категорија **Што очекуваме:** - Одлични организациски и комуникациски способности - Подготвеност за учење на нови технологии - Ориентираност кон резултати - Способни за управување со проекти - Аналитички вештини и способност за решавање на проблеми - Вљубеник во технологијата Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим. **Што нудиме:** - Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија - Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата - Можност за континуирано професионално усовршување и развој - Приватно здравствено осигурување - Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ - Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата - Останати бенефиции како вработен во МК **Огласот ќе биде отворен од 02.01.2026 до 11.01.2026.** **Забелешка:** *Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.* *Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.* *Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.* Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-at-makedonski-telekom-ad-4351113503
Niveli: mid level

Publikuar 02/01/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme