Kthehu te lista
Punë

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

DEKRA Arbeit Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
Во Име На Наш Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Следната Работна Позиција - ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ **ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА** **:** - Ја следи усогласеноста на внатрешните акти на компанијата со прописите за заштита на лични податоци; - Се грижи за информирање на вработените и одговорните лица на компанијата, за нивните обврски што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци; - Се грижи за исполнување на обврските што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци; - Работи на подигнување на јавната свест преку подготвување на соодветни изјави и информации за заштита на лични податоци за вработените и одговорните лица; - Организира и спроведува обуки за вработените и одговорните лица кои се вклучени во операциите на обработка на лични податоци; - Активно е вклучен во креирањето и спроведување на процесите кои опфаќаат обработка на лични податоци; - Ги следи ризиците, по однос на Анализата на ризиците за личните податоци и акцискиот план со мерки за решавање на ризиците; - Се грижи за исполнување на техничките и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци и планира и врши контроли над спроведувањето на овие мерки, особено имајќи ги предвид утврдените ризици; - Дава совети во поглед на проценка на влијанието на планираните операции на обработка врз заштитата на личните податоци и го следи извршувањето на оваа проценка - Data Protection Impact Assessment; - Остварува редовни состаноци со одговорните лица во компанијата во врска со прашања од областа на заштитата на личните податоци; - Соработува и делува како контакт точка за Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) - дава поддршка на АЗЛП при спроведувањето на законските обврски и соработува со АЗЛП во насока на развивање и промовирање на најдобри практики за конкретни теми; - Ја координира комуникацијата на компанијата во евентуалните постапки поведени пред АЗЛП; - Се грижи за информирање на субјектите на лични податоци за нивните права; - Остварува контакт со субјектите на лични податоци и се грижи за спроведување на постапките и за навремено одговарање на нивните барања упатени до компанијата, а во врска со остварување на нивните права; - Извршува тековни и останати работи по налог на Управниот одбор на компанијата. **ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ** **:** - Завршено високо образование; - Работно искуство во делот на заштитата на личните податоци; - Познавање на законска и подзаконска регулатива за заштита на лични податоци; - Развиени комуникациски и интерперсонални вештини и способност за работа во тим; - Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите; - Одлично познавање на англиски јазик; - Напредно познавање на MS Office. **ДОПОЛНИТЕЛНО ИНФОРМАЦИИ** Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на **job.arbeit.mk@dekra.com** Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. - Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%86%D0%B8-at-dekra-arbeit-macedonia-4424246155
Niveli: mid level

Publikuar 03/06/2026 · Skadon 02/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme