Punë
Овластен Сметководител (Accountant)
M SAN Grupa
Shkupi, Maqedonia e Veriut
Të tjera
Përshkrimi
**Овластен**
**Сметководител (Accountant)**
**M SAN**
Групација е најголема регионална компанија која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, потрошувачка електроника и уреди за домаќинство, интегрирани ИТ решенија и услуги, како и онлине малопродажба. Во Македонија работиме преку пет фирми:
**Паком Компани**
,
**KING ICT**
,
**Corvus Pay**
и
**eKupi.mk**
и
**М Сан Недвижности**
.
Причините за нашиот успех се компетентноста и интеграција на сите сегменти и активности во работењето, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
📍Вангел Нечевски 43, Скопје
**Работни задачи:**
- Книжење на влезни фактури за оперативни трошоци;
- Книжење и контрола на сите финансиски и материјални трансакции за стока со познавање на работа поврзана со царински магацин, увоз;
- Книжење и контрола на ДДВ обврските и подготовка на ДДВ пријави;.
- Изработка на финансиски, сметководствени и даночни извештаи за надлежните институции;
- Подготовка, спроведување и контрола на денарски и девизните плаќања;
- Подготовка на годишна сметка и учество во годишната ревизија на друштвото;
- Подготовка на разни извештаи по барање на поврзани институции, завод за статистика, НБРСМ.
**Од кандидатот очекуваме:**
- Работно искуство од најмалку 5 години во струката;
- Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel;
- Практично искуство и работење во напреден информатички систем;
- Да поседува Уверение за Овластен сметководител;
- Искуство во работа со САП ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски и српско-хрватски јазик ќе се смета за предност;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди;
- Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам;
- Адаптабилност и можност за работа во тим;
- Возачка дозвола – Б категорија;
**Што добивате:**
- Конкурентна плата;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BE%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-accountant-at-m-san-grupa-4344515508
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim