Kthehu te lista
Punë

Продажен претставник за малопродажба - Гостивар

Makedonski Telekom AD Flamuri i Maqedonia e Veriut Gostivari, Maqedonia e Veriut Të tjera
Твоите комуникациски вештини се твојата силна страна и знаеш да го пронајдеш она кое што му е потребно на секој наш постоечки и потенцијален корисник? Пријави се и биди дел од динамичниот тим на Македонски Телеком во нашите продажни салони. **Работни задачи:** - Учество во продажните активности за нашите постоечки и потенцијални корисници - Зголемување на нивото на up-sales/cross-sales при интеракција со секој корисник, преку проактивно нудење на производите и услугите на МКТ, дополнителни услуги и дополнителна опрема на сите корисници кои ќе го посетат продажното место - Информирање и презентација на корисниците за производите и услугите на компанијата (нови кампањи, нови пакети и производи, тарифни модели, опрема, дополнителна опрема и друго) - Проактивно нудење на опрема (телефони, лаптопи, телевизори), како и дополнителна опрема (тротинети, футроли, звучници итн) на сите корисници кои го посетуваат продажното место - Склучување на договори со корисниците, активирање на сервиси, промена на тарифни модели, активирање на дополнителни услуги, наплата на фактури и останати услуги за корисниците **Потребни квалификации:** - Релевантно работно искуство ќе се смета за предност - Познавање на Microsoft Office - Ориентираност кон корисници - Високо ниво на професионалност, љубезност и услужливост - Одлични комуникациски, преговарачки, презентациски и организациски вештини **Што очекуваме:** - Желба за работа со корисници - Tимски играч - Максимално високо ниво на професионалност, љубезност и услужливост - Проактивност - Ориентираност кон резултати - Подготвеност за учење Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим. **Што нудиме:** - Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија - Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата - Можност за континуирано професионално усовршување и развој - Приватно здравствено осигурување - Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ - Останати бенефиции како вработен во МК **Работно време:** Работа во смени (понеделник до сабота, по потреба дежурства во недела) **Огласот ќе биде отворен од 22.05.2026 до 31.05.2026.** **Забелешка:** *Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.* *Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.* *Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.* Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%80-at-makedonski-telekom-ad-4414338273
Niveli: mid level

Publikuar 22/05/2026 · Skadon 21/07/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme