Kthehu te lista
Punë

Проект Менаџер

KING ICT Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Кои сме ние?** КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме. Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. **Што добивате:** - Флексибилно работно време и опции за работа од дома; - Исплата на годишен регрес; - Службен телефон и соодветна ИТ опрема за непречно одвивање на работата; - Можност за стручно усовршување во областа и професионален развој со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за спорт и спортски активности-кофинансирање на Спорт мастер картичка; - Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата; - Еднаш годишно организран тим билдинг (незадолжително и не за викенди), дополнително неколку пати годишно организирани собири и помали (тимски) работилници; - Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини; - Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата; - Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне. **Работни задачи:** - Планирање и реализација на сеопфатни проектни планови, вклучувајќи опсег, временски рокови, распределба на ресурси и буџети; - Контрола и надзор врз имплементацијата на проектот, осигурувајќи дека испораките се завршени на време, во рамките на опсегот и во рамките на буџетот; - Одговорно лице за контакт со клиентите, обезбедувајќи редовно известување и управување со очекувањата; - Идентификација и ублажување на потенцијалните ризици на проектот, минимизирајќи ги препреките за непречена реализација на проектот; - Одговорност и грижа за: квалитетна и навремена испорака на проекти, примена на стандардите за висок квалитет, како и придржување до најдобрите практики, реализација на проектите и развој на софтвер; - Управување и мотивирање проектни тимови, поттикнувајќи на позитивна работна атмосфера; - Проактивност и константно подобрување на процесите, применувајќи ги најдобрите практики за управување со проекти; - Следење на напредокот и перформансите на проектот, и по потреба редовно ажурирајќи ги и прилагодувајќи ги плановите и ресурсите; - Редовно информирање на засегнатите страни за статусот/прогресот на проектот преку креирање јасни и концизни проектни планови и извештаи; - Одговорност за финансискиот резултат на проектот и управување со сите аспекти на проектот. **Вие сте идеален кандидат доколку:** - Имате завршено релевантно ВСС; - Поседувате возачка дозвола Б категорија (активен возач); - Активно го користите англискиот јазик; - Имате искуство во управување со ИТ проекти најмалку 3 години; - Имате знаење околу процесите и методологиите за управување со проектите и развој на софтвер; - Имате искуство со различни алатки и методологии за управување со проекти; - Имате искуство во деловна анализа или една од другите улоги во софтверски проекти; - Имате одлично разбирање на животниот циклус и процесот на реализација на проектите - Ги визуелизирате решенијата и пристапувате кон решавање на проблеми со креативност и иновативност; - Се фокусирате на исполнување на потребите и очекувањата на клиентот; - Добро се снаоѓате во брзо и динамично опкружување, лесно прилагодувајќи се на новите промени и приоритети; - На предизвиците им приоѓате со силни лидерски вештини, водејќи ги проектните тимови до успех; - Поседувате одлични комуникациски, интерперсонални и лидерски вештини; - Добри организациски вештини и внимание на детали; - Проактивност во пристапот кон работата и тенденција за тимска работа; - Способност за поставување приоритети и самостојно решавање на проблеми; - Претприемачки начин на размислување; - Најважното нешто - страст за решавање проблеми, грижа за квалитетот на испораките и задоволството на членовите на вашиот тим. **Предност доколку поседувате:** - Сертификати за управување со проекти (пр. PMP, PMI-ACP, PRINCE2 или други); - Искуство или познавање на работа со системи за управување со документи и оптимизација на деловни процеси; - Искуство во работа со софтверски алатки за управување со проекти (пр. Jira); - Искуство со идентификација на предизвици со кои се соочуваат клиентите (грижа за клиенти или пред-продажна поддршка); - Лидерско искуство. Краен рок за аплицирање: 24.01.2026 година Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82-%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%B5%D1%80-at-king-ict-4329030901
Niveli: mid level

Publikuar 23/12/2025 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme