Kthehu te lista
Punë

Project Manager

KING ICT Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Кои сме ние?** КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме. Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. Бараме проактивен и стратешки ориентиран **Project Manager** кој ќе има клучна улога во целокупното управување со проекти - од иницирање и планирање, до извршување и испорака, обезбедувајќи навремена и квалитетна реализација во согласност со бизнис целите, оптимална координација на тимовите и ефективна комуникација со сите релевантни засегнати страни. **Работни активности и обврски:** - Планирање и реализација на сеопфатни проектни планови, вклучувајќи опсег, временски рокови, распределба на ресурси и буџети; - Контрола и надзор врз имплементацијата на проектот, осигурувајќи дека испораките се завршени на време, во рамките на опсегот и во рамките на буџетот; - Одговорно лице за контакт со клиентите, обезбедувајќи редовно известување и управување со очекувањата; - Идентификација и ублажување на потенцијалните ризици на проектот, минимизирајќи ги препреките за непречена реализација на проектот; - Одговорност и грижа за: квалитетна и навремена испорака на проекти, примена на стандардите за висок квалитет, како и придржување до најдобрите практики за реализација на интеграциски ИТ проекти (ИКТ инфраструктура, сајбер безбедност и/или развој на софтвер); - Управување и мотивирање проектни тимови, поттикнувајќи на позитивна работна атмосфера; - Проактивност и константно подобрување на процесите, применувајќи ги најдобрите практики за управување со проекти; - Следење на напредокот и перформансите на проектот, и по потреба редовно ажурирајќи ги и прилагодувајќи ги плановите и ресурсите; - Редовно информирање на засегнатите страни за статусот/прогресот на проектот преку креирање јасни и концизни проектни планови и извештаи; - Одговорност за финансискиот резултат на проектот и управување со сите аспекти на проектот. **Вие сте идеален кандидат доколку:** - Имате завршено релевантно ВСС; - Поседувате возачка дозвола Б категорија (активен возач); - Активно го користите англискиот јазик; - Имате искуство во управување со интеграциски ИТ проекти најмалку 5 години; - Имате знаење и систематски пристап кон процесите и методологиите за управување со проектите (agile и waterfall); - Имате искуство со релевантни алатки и методологии за управување со проекти; - Имате искуство во идентификација и деловна анализа на проектни барања; - Имате одлично разбирање на животниот циклус и процесот на реализација на проектите; - Ги визуелизирате решенија и пристапувате кон решавање на проблеми со креативност и иновативност; - Се фокусирате на исполнување на потребите и очекувањата на клиентот; - Добро се снаоѓате во брзо и динамично окружување, лесно прилагодувајќи се на новите промени и приоритети; - На предизвиците им приоѓате со силни лидерски вештини, водејќи ги проектните тимови до успех; - Поседувате одлични комуникациски, интерперсонални и лидерски вештини; - Добри организациски вештини и внимание на детали; - Проактивност во пристапот кон работата и тенденција за тимска работа; - Способност за поставување приоритети и самостојно решавање на проблеми; - Претприемачки начин на размислување; - Најважното нешто - изразена посветеност кон решавање проблеми, грижа за квалитетот на испораките и задоволството на членовите на вашиот тим. **Предност доколку поседувате:** - Сертификати за управување со проекти (пр. PMP, PMI-ACP, PRINCE2 или други); - Искуство или познавање на работа со системи за управување со документи и оптимизација на деловни процеси; - Искуство во работа со релевантни софтверски алатки за управување со проекти (пр. Jira); - Искуство со идентификација на предизвици со кои се соочуваат клиентите (грижа за клиенти или пред-продажна поддршка); - Лидерско искуство. **Што нудиме ние:** - Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух; - Конкурентен финансиски надоместок; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка; - Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата; - Професионален и личен развој; - Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции; - Работа на домашни, регионални и интернационални проекти; - Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници; - Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне. **Напомена** : Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/project-manager-at-king-ict-4405011982
Niveli: senior

Publikuar 23/04/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme