Kthehu te lista
Punë

Раководител на експозитура Чаир

Central Cooperative Bank AD Skopje Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Централна кооперативна банка АД Скопје** вработува кандидат за работнo местo:  **Раководител на експозитура Чаир.** Локација: **Скопје** Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Работното место воглавно ги опфаќа следните **работни активности:** -         ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата; -         ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично; -         има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките; -         се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен; -         одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио; -         решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите; -         потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања; -         врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата; -         ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување; -         го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен; -         врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката. Кандидатите треба да располагаат со следните **квалификации и познавања:** -         Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование); -         Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област во банкарски сектор; -         Одлично познавање на англиски јазик; -         Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери. Избраниот кандидат треба да ги поседува следните **компетенции и вештини:** -         Способност за продажба; -         Комуникациски вештини; -         Организациски способности; -         Способности за раководење и работа со луѓе; -         Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката; -         Познавање на прописите поврзани со банкарството. За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот. **Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата.** Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате. Огласот ќе биде активен заклучно со **06.03.2026 година** Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D0%B8%D1%80-at-central-cooperative-bank-ad-skopje-4377355829
Niveli: mid level

Publikuar 02/03/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme