Punë
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ (PURCHASER)
VDL Bus Macedonia
Shkupi, Maqedonia e Veriut
Të tjera
Përshkrimi
ВДЛ БУС МАКЕДОНИЈА е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.
Денес повеќе од 1100 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик / Илинден отвораме ново работно место за следнава позиција:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:
**РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ (PURCHASER)**
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
▪ Усогласување со компаниските политики и процедури;
▪ Следење на рокови и планови за набавка;
▪ Истражување на домашниот и странскиот пазар;
▪ Анализа на понуди и изработка на ценовни компарации;
▪ Контрола на трошоци;
▪ Изготвување на барања за набавка, нарачки за директни материјали и следење на испораките;
▪ Анализа и набавка на технички материјали согласно производствените и проектните барања;
▪ Читање и толкување на технички цртежи и техничка документација со цел обезбедување на соодветни материјали и компоненти;
▪ Градење на професионален и цврст деловен однос со добавувачите;
▪ Следење на рекламации.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
▪ Универзитетска диплома од Машински или Електротехнички факултет;
▪ Пожелно работно искуство во областа на набавките;
▪ Познавање на технички материјали, компоненти и производствени процеси;
▪ Способност за читање и разбирање на техничка документација и технички цртежи;
▪ Поседување на аналитички и математички вештини;
▪ Способност за преговарање, водење на деловна комуникација и способност за одлучување;
▪ Одлично познавање на англиски јазик (говорење/читање/пишување);
▪ Одлично познавање на Microsoft Office алатките;
▪ Способност за работа во тим;
▪ Способност за работа во динамична средина.
ШТО НУДИМЕ:
▪ Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
▪ Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
▪ Можности за обука во странство;
▪ Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
▪ Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
▪ Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
▪ Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
▪ Регрес (23.100 денари);
▪ 24/7 дополнително осигурување од незгода;
▪ Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
▪ Обезбеден превоз до/од работното место;
▪ “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
▪ Бонус за препорачан пријател на работа;
▪ Тим билдинг активности.
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе продолжат во следната фаза на селекцијата.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Puna remote: Po
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B8-purchaser-at-vdl-bus-macedonia-4426484252
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim