Punë
Регионален менаџер
Жито Маркети
Velesi, Maqedonia e Veriut
Retail dhe Distribuim
Përshkrimi
**Регионалниот менаџер**
има значајна улога во координацијата на маркетите, поддршката на тимовите и следењето на резултатите во определениот регион. Позицијата е наменета за личност со развиени лидерски и организациски способности, која умее да постави приоритети, да мотивира тимови и да придонесе кон раст на продажбата, доследна примена на стандардите и стабилно работење на маркетите.
**ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ**
- Управување, координирање и следење на работењето на мрежа на маркети во определен регион;
- Оперативно и комерцијално водење на маркетите со цел остварување на продажните планови, поставените КПИ и профитабилноста на реонот;
- Следење, анализа и унапредување на дневните, неделните и месечните продажни резултати;
- Организирање, координирање, мотивирање и развој на тимовите во маркетите;
- Учество во селекција, интервјуирање, евалуација, обука и развој на вработените во маркетите;
- Следење и управување со клучни оперативни сегменти: залихи, персонал, трошоци, продажба, услуга и ефикасност на работењето;
- Анализа на продажни резултати, пазарни движења, однесување на купувачи и активности на конкуренција;
- Обезбедување примена на интерните процедури, стандарди за работа и законските прописи;
- Следење и одржување на високи стандарди за хигиена, свежина, услуга, изложеност на производи и уредност на маркетите;
- Подготовка на финансиски, кадровски, оперативни и теренски извештаи од посетите на маркетите;
- Учество во пописи, контроли, интерни проверки и отворање на нови маркети;
- Предлагање мерки за подобрување на продажбата, организацијата, продуктивноста и целокупното работење на маркетите во реонот.
**ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ**
- Високо образование од областа на економија, менаџмент, организациски науки или сродна насока ќе се смета за предност;
- Минимум 3 години работно искуство во продажба, малопродажба или оперативно управување, од кои најмалку 1 година на раководна позиција;
- Искуство во управување со повеќе локации и тимови ќе се смета за предност;
- Развиени лидерски, организациски и комуникациски способности;
- Способност за планирање, поставување приоритети, следење резултати и навремено донесување одлуки;
- Аналитички пристап во работењето и способност за работа со КПИ, буџети, продажни анализи и извештаи;
- Одговорност, самостојност, професионален пристап и ориентираност кон резултати;
- Способност за работа во динамична средина, под притисок и со повеќе паралелни приоритети;
- Напредно познавање на MS Office пакетот, особено Excel;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Подготвеност за теренска работа, сменска работа и работа во различни реони согласно потребите на компанијата.
**НИЕ НУДИМЕ**
- Динамична и одговорна работна позиција во стабилна компанија;
- Можност за професионален развој и кариерен напредок;
- Конкурентна плата и можност за бонуси согласно резултатите;
- Ваучер за склучен брак
- Пакет за новороденче
- Роденденски подарок
- Пакет производи за големите верски празници
- Роденденски подарок за деца до 5 години
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%B5%D1%80-at-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8-4432975291
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim