Kthehu te lista
Punë

Самостоен референт за техничка подготовка

DEKRA Arbeit Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Позицијата** **Самостоен референт за техничка подготовка** **ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА** - Подготовка и координација на целосна и точна тендерска документација во согласност со барањата на тендерите и интерните процедури; - Следење и анализа на јавни набавки и тендерски постапки во земјата и странство; - Комуникација со инвеститори и обезбедување на информации потребни за разјаснување на тендерските спецификации; - Организација и координација на целокупната постапка за изготвување на понуди; - Анализа на тендерски барања, калкулации, трошковници и проценка на профитабилност; - Проценка на комерцијални и технички ризици на понудите; - Подготовка и водење на електронски аукции; - Анализа на договорна документација и услови од јавни набавки; - Креирање и одржување база на податоци за тендери, понуди, CV-а и референци; - Координација со останати организациски единици при подготовка на тендерски досиеја; - Учество на тендерски настани, состаноци и постапки за јавни набавки; - Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи и анализи; - Комуникација и соработка со Бирото за јавни набавки и останати релевантни институции. **КВАЛИФИКАЦИИ** - Завршено високо образование од областа на техничките науки; - Минимум 7 години работно искуство во областа на јавни набавки и тендерски постапки; - Напредно познавање на англиски јазик; - Напредно познавање на MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint) и интернет алатки; - Познавање на законска регулатива и процедури за јавни набавки; - Искуство со подготовка на техничка и комерцијална документација. - Одлични аналитички и организациски способности; - Способност за работа на повеќе активности и кратки рокови; - Високо ниво на комуникациски и координациски вештини; - Прецизност, одговорност и внимание на детали. **ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ** Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: **rabota.arbeit.mk@dekra.com** **,** со назнака за позицијата за која што аплицираат. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. - Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. ***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com*** Puna remote: Po Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B0-at-dekra-arbeit-macedonia-4413194074
Niveli: mid level

Publikuar 12/05/2026 · Skadon 11/07/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme