Kthehu te lista
Punë

Senior Key Account Manager

KING ICT Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**Кои сме ние?** КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме. Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. Бараме проактивен и стратешки ориентиран **Senior Key Account Manager** кој ќе има клучна улога во развојот и унапредувањето на односите со корпоративните корисници, препознавањето нови продажни можности и креирањето решенија што одговараат на нивните деловни потреби. **Работни активности и обврски:** - Вршење продажни активности кај клучните клиенти (потенцијални и постоечки) користејќи специјализирани технички и продажни вештини; - Идентификување и создавање продажни можности; - Изработка на годишен план на продажба за клучни клиенти за кои е задолжен; - Развивање на целокупниот бизнис со цел зголемување на продажбата и профитабилноста во работата со постоечките и нови клучни клиенти; - Во соработка со водителите на програми, вршење активности за континуирано информирање на клучните клиенти; - Создавање позитивен однос со клучните купувачи за кои е задолжен; - Континуирано следење на односот понуда-побарувачка, како и активностите на конкурентите; - Изработка на понуди од портфолиото на компанијата; - Редовни извештаи за преглед и анализа за перформансите; - Пренесување на своето знаење на колегите; - Континуирано едуцирање и усовршување. **Вие сте идеален кандидат доколку** **:** - Имате завршено ВСС од техничка или економска насока; - Минимум 10 години работно искуство на иста или слична позиција во ИЦТ компанија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или Телеком оператор); - Возачка дозвола Б категорија; - Активно користење на англиски јазик; - Развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини; - Развиена способност за аналитичко размислување и справување со проблематични ситуации; - Кaндидатот треба да поседува подготвеност за континуиран развој и високо ниво на одговорност; - Комуникативност, проактивност, организациски вештини, темелност во пристапот; - Предност е доколку располагате со професионални сертификати; - Предност е доколку располагате со технички pre-sales ICT вештини. **Што нудиме ние:** - Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух; - Конкурентен финансиски надоместок; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка; - Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата; - Професионален и личен развој; - Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции; - Работа на домашни, регионални и интернационални проекти; - Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници; - Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне. **Напомена** : Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/senior-key-account-manager-at-king-ict-4404243509
Niveli: senior

Publikuar 22/04/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme