Kthehu te lista
Punë

Соработник за обука и развој

Expanda Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер и соработник на **Филип Морис ТКП,** како и ексклузивен оператор на **IQOS** директната и индиректната продажба. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на  тимот **за обука и развој** на колегите задолжени за портфолиото на компанијата **Philip Morris International.** **Како Соработник за обука и развој на комерцијалниот тим ќе бидете одговорни за:** **1. Имплементација на план за комерцијален развој:** - Имплементација на локални стратегии за развој на способностите на вработените; - Негување култура на коучинг и градење тимови со високи перформански на доделениот пазар; **2. Анализа на потреби и идентификација на перформани:** - Спроведување детални анализи за идентификација на можности за подобрување на вештините и потребите за обука; - Спроведување на акциски планови за градење на потребните компетенции; - Изработка на календари за обуки и методологии за нивна имплементација. **3. Испорака на програми за учење/обука:** - Обезбедување навремено и квалитетно планирање, спроведување обуки, следење на перформанси и континуирано подобрување; - Спроведување на глобални програми за обука, адаптација на содржината според локалните потреби; - Спроведување тренски и конференциски обуки за ефикасна едукација на вработените задолжени за малопродажба (B2C) и големопродажба (B2B); - Поддршка при воведување и спроведување на онлајн обуки и нивна интеграција со практична и теренска работа; **4. Обука и развој на тимовите:** - Активно присуство на терен, обезбедување на раст и развој преку коучинг и практична поддршка на вработените; - Давање на конструктивен фидбек за подобрување на перформансите на вработените и следење на нивниот развој; - Собирање повратни информации во реално време со цел подобрување на програмите за учење; - Обезбедува  сите вработени да овозможат квалитетно искуство за корисниците; **Доколку сте:** ·       Проактивни, аналитични и ориентирани кон резултати; ·       Ентузијасти и мотивирани за развој на тимови; ·       Организирани со способност за поставување приоритети; ·       Комуникативни со високо ниво на деловна култура; ·       Ориентирани кон иновации и нови технологии; ·       Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина; **И поседувате:** ·       Минимум 2 години работно искуство во FMCG индустрија ·       Претходно работно искуство на позиција Супервизор или Тим лидер, со докажани вештини во директно управување и водење на тимови; ·       Искуство во развој на вработени или организациски способности (пожелно); ·       Високо образование (Економски факултет или сродни области); ·       Познавање на MS Office пакет; ·       Одлично познавање на англиски јазик; ·       Вештини за коучинг и менторство; ·       Добри соработнички вештини; **Ние ви нудиме:** ·       Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; ·       Компетитивни месечни примања; ·       Службено возило; ·       Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-at-expanda-4406044644
Niveli: mid level

Publikuar 29/04/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme