Punë
Соработник/чка за Програма за лојалност
SOS Children's Villages International
Shkupi, Maqedonia e Veriut
Të tjera
Përshkrimi
*Придружи се на тим кој прави разлика — за децата, за семејствата, за заедницата.*
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал — водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.
За потребите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, бараме одговорна и мотивирана личност која ќе биде клучна алка во директната комуникација со нашите донатори.
🎯 Главни одговорности
- Редовно ги контактира актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)
- Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност
- Одговара и решава приговори и предлози на индивидуалните донатори
- Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци (CRM)
- Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност
- Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата
- Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства
- Извршува помошни административни задачи
✨ Потребни квалификации
- Завршено најмалку средно образование
- Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето
- Оптимизам, упорност и искрена желба да придонесе за хуманитарна цел
- Добро познавање на англиски јазик
**⚠️ Задолжителни технички вештини — ќе биде спроведено тестирање**
- Напреден Excel — pivot табели, сложени формули, анализа на податоци
- CRM платформи — Salesforce или еквивалентна (работно искуство, не само познавање)
🏢 Работни услови
- Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување)
**🕒 Работно време — хибриден модел**
- Понеделник - петок, во две смени по договор
**→ Утринска смена 0800 - 1600**
**→ Попладневна смена 1130 - 1930**
- Секоја втора сабота 1100 - 1400
- Работа во организација со силна мисија и вредности
- Програма за благосостојба на вработени
- Континуирани можности за личен и професионален раст и развој
📩 Начин на аплицирање
Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до
**05.06.2026**
.
*Само кандидати кои ги исполнуваат задолжителните технички услови ќе бидат поканети на тестирање и интервју.*
**Напомена**
Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на регрутирањето. СОС Детско село практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади. Организацијата активно се залага за родова еднаквост.
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BB%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-at-sos-children-s-villages-international-4417199132
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim