Kthehu te lista
Punë

Соработник/чка за Програма за лојалност

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.    Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.      ✨ За потр ебите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, а со цел јакнење на каналот на директна комуникација со индивидуалните донатори, бараме одговорна и компетентна личност за работно место: **Соработник/чка за Програма за лојалност** 💡  **Главни одговорности:** - Редовно и континуирано ги контактира актуелните донатори со цел нивно информирање по пат на различни комуникациски канали (телефон, емејл, пошта и сл) - Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност - Одговара и решава можни приговори и предлози на индивидуални донатори - Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци - Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност - Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата - Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства од индивидуални донатори - Извршува помошни административни задачи 🎯  **Потребни квалификации:** - Завршено најмалку средно образование - Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба - Одлични комуникациски и продажни вештини - Пожелно е познавање на Sales Force или друга CRM платформа - Одлични компјутерски вештини (со фокус на работа во Excel) - Добро познавање на англиски јазик - Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето - Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели 🏢  **Работни услови:** - Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување) - Флексибилно работно време (40 часа неделно) - Работа во организација со силна мисија и вредности - Програма за благосостојба на вработени - **Континуирани можности за личен и професионален раст и развој** 📩  **Начин на аплицирање:**   Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 03.04.2026    **Напомена** : Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.   - СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BB%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-at-%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-sos-children-s-villages-macedonia-4394812511
Niveli: mid level

Publikuar 31/03/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme