Kthehu te lista
Punë

Специјалист за промоција на прехранбени производи

Lidl North Macedonia Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
**За нас** Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим! **Твои задачи** - Учество на саемот Lidl Food World Expo, каде што се избираат артикли за сите тематски недели како што се француска, шпанска, италијанска, итн. - Подготовка на листа за промоции на производи на национално и интернационално ниво врз основа на спроведени опсерваци на пазарот и анализа на трендови - Дефинирање на промотивни цени во координација со претпоставениот, нивно имплементирање и следење на тековна основа - Креирање (POS) спецификации во координација со продажба и маркетинг - Следење и анализа на залихи на производи на промоција - Осигурување на постојана комуникација и координација со добавувачите и решавање на евентуални проблеми **Твој профил** - Високо образование – (економски или слична област) - 1-2 години професионално искуство - Одлично познавање на англиски јазик - Познавањето на германскиот јазик ќе се смета за предност - Подготвеност за учење - Вештини за работа со клиенти - Возачка дозвола Б категорија – активен возач - **Подготвеност за обука и работа во странство во период од 6-9 месеци** **Што нудиме** - Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој - Можности за обука во странство - Стимулативна работна средина и одлична организациска култура - Атрактивен компензациски пакет - Приватно здравствено осигурување - FitKit месечен буџет - Пакет за добредојде на новите вработени - **Оваа позиција вклучува обука во странство во период од 6-9 месеци** **Начин на аплицирање** Аплицирај со прикачување на твоето CV на линкот за апликација. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Твојата апликација ќе биде внимателно разгледана. Твоето CV ќе биде зачувано во нашата база на податоци 1 година и по истекот на тој период истото ќе биде избришано. Ние ги чуваме податоците во овој временски период во случај да имаме друга работна позиција која би можеле да ти ја понудиме. Во меѓувреме, доколку решиш да ја повлечеш својата апликација, можеш да го сториш тоа доколку ни испратиш маил на jobs@lidl.mk и ние веднаш ќе ја избришеме истата. Со поднесување на твоето CV или кој било друг документ или апликација за работа, експлицитно се согласуваш дека можеме да ги обработуваме твоите лични податоци за целите на процесот на регрутација. Повеќе информации за начинот на кој ги обработуваме твоите лични податоци и други релевантни информации се дадени во нашата Политика за приватност која се наоѓа на следниот линк: https://jobs.lidl.mk/mk/privacy-policy Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8-at-lidl-north-macedonia-4433097283
Niveli: mid level

Publikuar 25/06/2026 · Skadon 24/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme