Punë
Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива
Avicena Laboratorija
Shkupi, Maqedonia e Veriut
Të tjera
Përshkrimi
**Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива**
**Опис на работната позиција:**
**Специјалистот за стратешки развој и усогласеност со регулатива има клучна улога во интеграција на стратегијата на компанијата во тековните регулативи и медицински стандарди по кои работи лабораторијата, со цел обезбедување квалитетни, безбедни и иновативни услуги за пациентите.**
**Потребни квалификации:**
· Завршено високо образование од соодветна област ( Медицински факултет/Биомедицински науки/Фармација или Здравствен менаџмент)
· Работа во дијагностика/лабораторија особено искуство во здравствен менаџмент или медицински претставник ќе се смета за предност
· Познавање на англиски јазик
·
Познавање работа со компјутери-MS office
· Возачка дозвола – Б категорија
**Работни одговорности:**
**А) Стратешки развој**
- Анализа на пазар и изработка на стратегија за раст и развој на компанијата;
- Следење трендови во лабораториска медицина;
- Анализа на нови лабораториски тестови и технологии;
- Развој на партнерства и креирање планови за промоција на лабораториски услуги.
**Б) Регулаторна усогласеност**
· Води комуникација со надлежните институции за прашања поврзани со дејноста;
· Одговорен е за ажурирање на дозволите за работа и договорите склучени со ФЗОМ;
· Го анализира и усогласува работењето согласно барањата од законската регулатива од област на здравство и здравствено осигурување.
**В) Квалитет и процеси**
- Соработка со менаџмент и лабораториските тимови за усогласување на услугите со потребите на пазарот;
- Учество во подготовка на промотивни материјали согласно интерни стандарди;
· Ja претставува компанијата на конгреси и конференции, учествува на стручни состаноци, предавања на стручни теми.
**Потребни вештини и способности:**
1. Клучна компетенција –
**Стратешко размислување:**
- Разбирање на здравствен пазар и конкуренција;
- Способност за препознавање нови можности;
- Вклученост во развој на услуги и позиционирање.
**2. Стручен кредибилитет:**
- Познавање на лабораториски анализи и дијагностика,
- Висок степен на професионален авторитет пред високостручен здравствен кадар.
**3. Одлични комуникациски и презентациски вештини**
, комфор во комуникација со јавност;
**4. Аналитички вештини;**
**5. Регулаторна и етичка свесност.**
Работно време од 40 часа неделно, од 8:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail:
kariera@avicenalab.com.mk со назнака
*“за оглас за Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива”*
или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 21.04.2026 година, најдоцна до 28.04.2026 година.
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D0%B8-%D1%83%D1%81%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0-at-avicena-laboratorija-4401902872
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim