Kthehu te lista
Punë

Виш специјалист за даноци и сметководство

Makedonski Telekom AD Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
Македонски Телеком го проширува својот тим во областа на финансии и даноци и во моментов бара Виш специјалист за даноци и сметководство кој ќе обезбеди правилно, точно и навремено пресметување и плаќање на сите даночни обврски на компанијата. Оваа улога има клучно значење во усогласување со регулативите, финансиското известување и стабилноста на компанијата. **Работни задачи:** - Обезбедува точна, целосна и навремена пресметка и плаќање на сите даночни обврски (ДДВ, данок на добивка, имот, задршка, персонален доход и др.). - Ги следи и имплементира релевантните даночни регулативи и се грижи за нивна правилна примена во компанијата. - Подготвува, потврдува и поднесува даночни пријави, извештаи и налози за плаќање. - Kонтролира имплементацијата на сметководствената политика на МСФИ поврзана со даночни прашања во процесот на финансиско известување. - Одговорен за даночно планирање на ниво на компанија - Комуницира со Deutsche Telekom и локалните институции за даночни прашања. - Го координира процесот на сметки за плаќање (АП) и обезбедува ефикасно и контролирано извршување на платниот промет. - Соработува со внатрешните тимови и поддржува проекти и активности поврзани со даночната област. **Потребни квалификации:** - Економски факултет. - Минимум 3 години релевантно работно искуство. - Напредно познавање на соодветните закони и подзаконски акти поврзани со даноци и други закони и прописи. Познавање на меѓународни регулативи поврзани со даноци. - Работно искуство во телекомуникацискиот сектор ќе се смета за предност. - Познавање на Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) и локалните GAAP стандарди - Напредни компјутерски вештини (MS Office, PowerPoint), познавање на SAP. **Што очекуваме:** - Одлични организациски и комуникациски вештини - Аналитички и вештини за решавање проблеми - Одлични вештини за изработка на извештаи - Ориентираност кон резултати - Иновативност, способност за воочување нови можности и учење на нови технологии - Тимски играч **Што нудиме:** - Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија - Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата - Можност за континуирано професионално усовршување и развој - Приватно здравствено осигурување - Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ - Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата - Останати бенефиции како вработен во МК **Работно време:** Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот) **Огласот ќе биде отворен од 10.12.2025 до 17.12.2025.** **Забелешка:** *Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.* *Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.* *Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.* Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B2%D0%B8%D1%88-%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-at-makedonski-telekom-ad-4349534048
Niveli: mid level

Publikuar 10/12/2025 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme