Kthehu te lista
Punë

Воспитувач

SOS Children's Villages International Flamuri i Maqedonia e Veriut Shkupi, Maqedonia e Veriut Të tjera
СОС Детското село Скопје претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права. Во рамки на единиците за организирано живеење со поддршка го прошируваме тимот со цел да обезбедиме поквалитетна грижа и поддршка на младите и вработуваме **Воспитувач/ка** 📢 Во потрага сме по комуникативни, емпатични личности, сензибилизирани за работа со ранливи категории, со отвореност и толеранција кон различности, кои ќе ги поддржуваат и насочуваат младите без родителска грижа на возраст од 14-18 години во нивниот развој кон независност и автономија. 🚀 Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата. **📝** **Клучни одговорности** - Организирање на секојдневниот живот и активности со младинците, - Поддршка при формално и неформално учење, рекреација и одржување на куќна хигиена, - Градење стабилна, доверлива релација со младите, - Улога на ментор и поддршка при транзиција кон независен живот. **🔍** **Потребни квалификации** - Завршено средно образование или високо образование од (предност со општествени науки) - Искуство во работа со адолесценти (минимум 1 година ќе се смета за предност) - Познавање на говорен и пишан англиски јазик - Основни компјутерски вештини (MS Office, Интернет) - Активен возач (Б категорија) **💼** **У** **слови** **за работа** - Договор на 6 месеци - Работа на полно работно време - Работа во смени (8 и 12 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа на празници и за викенди, според однапред утврден распоред - Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, активности за јакнење на тимот итн) - Поддржувачка, инклузивна и фер работна средина - Работа со јасна мисија и реално влијание **📅** **Аплицирај најдоцна до 12.02.2026 година** **💬** **Зошто да се придружиш?** Ако посакувате работна средина во хуманитарна организација со интернационални стандарди во која ќе менувате животи и правите разлика во општеството, имате можност да бидете дел од нашиот посветен тим каде секој е почитуван. Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите! **🔒** **Напомена** Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа. СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење. Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87-at-sos-children-s-villages-international-4366582596
Niveli: mid level

Publikuar 29/01/2026 · Skadon 27/08/2026

Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.

Apliko në burim

Shpallje të ngjashme