Punë
Insurance Agent
Smart Money Solutions Macedonia
Përshkrimi
**Финансиски Советник / Агент за продажба на животно осигурување**
**Стани дел од успешна словенечка компанија со 29-годишна традиција на пазарот, која веќе 7 години успешно работи и бележи континуиран раст во Македонија! Основана и предводена од Смилјан Мори**
— еден од најпознатите мотивациски говорници, бизнис коучиви и експерти за осигурување на Балканот со речиси 30 години искуство во дејноста.
Дали твојот труд и продажни вештини се соодветно наградени на сегашната позиција? Ако си заглавен во систем со фиксна плата каде „максимумот“ е однапред одреден, време е за промена.
Стани дел од успешна приказна каде твојот придонес директно го диктира твојот приход.
**Што добиваш со нас?**
- **Обезбедени потенцијални клиенти (Лидови):**
Не започнуваш од нула! Добиваш пристап до развиена постоечка база и постојан прилив на свежи, квалификувани лидови за работа.
- **Премиум буџет за заработка:**
Конкурентна фиксна плата + нелимитиран бонус систем за секој склучен договор.
- **Флексибилност:**
Сам ја организираш својата агенда и состаноци.
- **Врвна менторска едукација:**
Комплетна и бесплатна обука за стекнување на лиценца за осигурување, заснована на докажаните продажни системи и долгогодишното искуство на Смилјан Мори.
- **Брза кариера:**
Можност за градење сопствен тим и менторство во рок од 12 месeци.
**Твоите одговорности ќе бидат:**
- Пронаоѓање на нови клиенти и градење долгорочни релации (со поддршка од нашиот систем за лидови).
- Спроведување на финансиски консултации и презентации на продукти за животно осигурување.
- Грижа и поддршка на постоечкото портфолио на клиенти.
**Ти си идеалниот кандидат ако:**
- Имаш одлични комуникациски, преговарачки и презентациски вештини.
- Си самомотивиран, организиран и сакаш динамична работа со луѓе.
- Претходно искуство во продажба, банкарство или комерцијала се смета за предност, но не е задолжително.
Сакаш да учиш од најдобрите, да работиш со подготвени лидови и да го дознаеш планот за заработка? Аплицирај директно преку LinkedIn со само еден клик!
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/insurance-agent-at-smart-money-solutions-macedonia-4442821834
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim