Punë
Возач/Логистика
Aspekt
Berova, Maqedonia e Veriut
Teknologji e Informacionit
Përshkrimi
📍
**Локација:**
Скопје
🏢
**Оддел:**
Човечки ресурси
💼
**Компанија:**
АСПЕКТ ДОО
**💡 За АСПЕКТ ДОО**
Придружете се на Аспект и започнете ја вашата кариера во динамична меѓународна средина каде што технологијата, иновациите и континуираното учење се спојуваат во едно.
Аспект, водечка компанија за развој на софтвер специјализирана за финтек решенија, има потреба од вработување на Возач/Логистика во нашиот тим во Скопје. Ова е одлична можност за мотивирани професионалци кои сакаат динамична работа и пријателско опкружување.
**🎯 Опис на позиција:**
Бараме одговорна, организирана и посветена личност за работната позиција Возач/ Логистика. Кандидатот ќе биде одговорен за безбеден и навремен транспорт на документи, материјали и опрема, како и за поддршка на секојдневни логистичките активности на компанијата. Позицијата бара професионален пристап, високо ниво на одговорност и способност за ефикасна организација на секојдневните задачи. ⚙️
**📋 Работни задачи и одговорности:**
• Управува со службено возило согласно законските прописи и интерните процедури на компанијата.
• Врши превоз на вработени, деловни партнери, документи, материјали и опрема.
• Организира и реализира достава и подигнување на пратки, документи и материјали.
• Води грижа за исправноста, чистотата и редовното одржување на службеното возило.
• Следи и навремено известува за потребите од сервисирање, регистрација и технички преглед на возилото.
• Води евиденција за користење на возилото, поминати километри и потрошувачка на гориво.
• Помага во прием, складирање и дистрибуција на материјали и опрема.
• Координира логистички активности со добавувачи, клиенти и други деловни партнери.
• Обезбедува навремена и безбедна испорака на стоки и документација.
• Почитува правила за безбедност при работа и заштита на доверливи информации.
• Извршува и други работни задачи по налог на непосредно претпоставениот кои се во рамките на неговите квалификации и работни обврски.
**🧠 Потребни квалификации:**
• Средно образование.
• Возачка дозвола Б категорија (пожелно и други категории).
• Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност.
• Познавање на основни логистички процеси.
• Одговорност, организираност, комуникациски вештини и способност за самостојна работа.
**🚀 Нудиме:**
- Редовни и конкурентни примања
- Стабилна работна средина
- Можност за професионален развој
- Работа во динамичен и професионален тим
**📧 Заинтересираните кандидати можат да достават своја биографија (CV) на: aleksandra.dimchevska@aspekt.com.mk**
💼✨
⏳ Рок за аплицирање: 10 дена од денот на објавување на огласот.
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%87-%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0-at-aspekt-4427822869
Kërkesat
Niveli: mid level
Kjo shpallje vjen nga një burim i jashtëm. Aplikimi kryhet në faqen e punëdhënësit.
Apliko në burim